Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

m12

Активности во дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКАКулинарска работилница со познатиот готвач Марк Де Јонг

Една од програмските активности во социјалните сервисни служби – дневни центри на РЦПЛИП – ПОРАКА е обука на корисниците за подготвување на оброци, со цел нивна поголема самостојност во секојдневниот живот. Токму во таа насока, а по повод Велигденските празници, во дневниот центар – ПОРАКА Скопје во Капиштец беше организирана кулинарска работилница на која учествуваа корисниците од двата дневни центри – ПОРАКА Скопје. На наше големо задоволство, познатиот готвач Марк Де Јонг ја прифати поканата да ја води кулинарската работилница.
Работилницата протече во одлична атмосфера, со многу смеа, дружење, но и работа во кујна при подготовката на специјалитети на Марк. Корисниците во улога на асистенти, но и ангажираните лица во дневните центри имаа можност да научат неколку “мали” тајни на големиот готвач. Со надеж дека оваа соработка ќе продолжи во иднина, упатуваме голема благодарност до Марк за убаво поминатиот ден.

m3m4m11m12