Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

poraka_no_post_image

Активности за истакнување на потребата од инто ратификување на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

Во рамките на своите програмски активности, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во 2010 година продолжува со промовирање на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Тргнувајќи од огромната важност на овој меѓународен правно – обврзувачки договор, РЦПЛИП – ПОРАКА реализираше неколку активности за истакнување на потребата од итно ратификување на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Во рамките на програмата “Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес која ја спроведуваат Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) и Институтот за парламентарна демократија (ИПД), РЦПЛИП – ПОРАКА е вклучена како една од четирите партнерски организации со својата иницијатива која се однесува токму на Конвенцијата. Во рамките на ова партнерство, во соработка со НДИ и ИПД, РЦПЛИП – ПОРАКА ги реализираше следните активности:

Објавување на колумна на д-р Василка Димоска, програмски менаџер во РЦПЛИП – ПОРАКА, на тема “Лицата со попреченост повикуваат:

Нашите права да станат реалност” во дневниот весник “Дневник” на 20-ти Март 2010 година.

Подготовка и дистрибуција на информативен материјал: летоци, постери и лесночитлива верзија на Конвенцијата, наменета за лицата со интелектуална попреченост, со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија (НЕД).

Средби на претставници на РЦПЛИП – ПОРАКА и на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА со пратениците од Собранието на Република Македонија, во соработка со Канцелариите за комуникација со граѓаните кои се менаџирани од страна на НДИ и ИПД.

Целта на овие активности беше да се истакне значењето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, да се укаже на потреба од нејзино инто ратификување и да се пренесе пораката дека со тоа Република Македонија ќе овозможи правата на лицата со попреченост да станат реалност.