Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

stip

Активности на РЦПЛИП – ПОРАКАНови социјални служби за поддршка во мрежата на РЦПЛИП – ПОРАКА

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, заедно со својата локална организација ЦПЛИП – ПОРАКА Штип, а во соработка со Општина Штип, ООУ „Гоце Делчев” – Штип и Министерството за труд и социјална политика, во изминатитот период продолжија со инвестициите во обновување и реновирање на простории кои се наоѓаат во ООУ „Гоце Делчев” – Штип, а ќе бидат наменети за дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.

Исто така, во Прилеп, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА со својата локална организација ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп и во соработка со Општина Прилеп, продолжува со активностите за реновирање на просториите во кои функционираше социјален клуб во рамките на ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп, а со цел да се создадат технички услови за функционирање на нова сервисна служба, дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.

stipstip1stip3