Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

ei logo

Партнерства на РЦПЛИП – ПОРАКА во европски проектиАктивности во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење“

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА продолжува со учеството како партнер организација во конзорциум со 10 партнери во Европски проект насловен како „Рана инклузија преку взаемно учење”, кој е поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата на Европската унија. Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи во односот со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА беше во директна комуникација со конзорциумот на партнерски организации, предводен од австриската организација S.I.N.N. – Evaluation. Во рамките на проектот, продолжија редовните активности, согласно проектниот распоред. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на унапредувањето на алатките кои се овозможени со овој проект. Поточно се работеше за унапредување на алатката: Пазар за методи на инклузија што претставува самоорганизирана методолошка онлајн размена на искуства. Активностите се однесуваа на адаптација на онлајн платформата за размена на искуства меѓу професионалците и се поставуваа позитивни искуства и практики од работата со лица со интелектуална попреченост. Исто така, беа преземени голем број активности од технички карактер, пред се за превод, адаптација на информативни материјали.
Erasmus logo