Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

manfred

Партнерства на РЦПЛИП – ПОРАКА во европски проектиАктивности во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење“

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА продолжува со учеството како партнер организација во конзорциум со 10 партнери во Европски проект насловен како „Рана инклузија преку взаемно учење”, кој е поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка во рамките на ЕУ програмата ЕРАЗМУС +. Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи во односот со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА беше во директна комуникација со конзорциумот на партнерски организации, предводен од австриската организација Синн-Евалуатион. Во рамките на проектот, продолжија редовните активности, согласно проект-ниот распоред. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на унапредувањето на алатките кои се овозможени со овој проект. Поточно се работеше за унапредување на алатката: Пазар за методи на инклузија што претставува самоорганизирана методолошка онлајн размена на искуства. Активностите се однесуваа на адаптација на онлајн платформата за размена на искуства меѓу професионалците и се поставуваа позитивни искуства и практики од работата со лица со интелектуална попреченост. Исто така, беа преземени голем број активности од технички карактер, пред се за превод, адаптација на информативни материјали.

Во периодот 22 – 23.11.2017 година во Хамбург се одржа состанок, кој воедно беше и последен, на проектните партнери. На состанокот се разгледуваа преземаните активности во рамки на проектот, како и преглед на активностите кои следат за реализација во наредниот период. Исто така, проектните партнери имаа можност да разговараат за подготовките за финалниот извештај од проектот кој треба да се поднесе до Австриската агенција за меѓународна соработка.
Erasmus logo