Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

aktivnosti73

Спортско–Рекреативни Активности, 29.06 – 03.07.2006 година СтругаSOCIAL INCLUSION of adolescents with intellectual disabilities through sports and recreational activities

Спортско-рекреативните активности што ги организираше Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА се одржаа во Центарот за едукација на кадри на Црвениот крст на град Скопје во Струга во периодот од 29.06. до 03.07.2006 година. Оваа манифестација вклучи 44 адолесценти со интелектуална попреченост, корисници на дневните центри кои ги креираше и ги менаџира РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје, Радовиш, Охрид и Струга. Во спроведувањето на овие активности беа вклучени 8 водичи на тимовите (персонал од дневните центри) и 3 одговорни лица од РЦПЛИП –ПОРАКА.

Спортско-рекреативните активности обезбедуваат голем број различни можности: развој на чувството и духот за натпреварување меѓу адолесцентите со интелектуална попреченост; искуство да се биде дел од спортска екипа притоа чувствувајќи го единството во екипата; мотивација за натпреварување и победа, но истовремено и искусување и справување со пораз во спортските игри. Од друга страна, овие активности претставуваат добра можност за персоналот од дневните центри да поминува 24 часа заедно со корисниците на дневните центри овозможувајќи им да го разберат ритамот на живеење и однесувањето на секое лице со интелектуална попреченост. Понатаму, набљудувањето на корисниците во нова средина, без родителското влијание, им нуди на персоналот нови сознанија во однос на можните подобрувања во самостојноста и самодовербата меѓу корисниците и несебичната поддршка и пријателство меѓу нив самите, што не може да се увиди во текот на активностите во дневните центри. Уште повеќе, оваа манифестација обезбедува можности за подобрување на вештините за одржување на личната хигиена, вештините за социјали интеракции итн.

Бидејќи Центарот за едукација на кадри има сопствена плажа, тоа беше добра можност за организирање на рекреативни активности покрај езерото во попладневните часови. Тоа претставуваше комплетно ново искуство за учесниците т.е. да бидат на плажа со нивните врсници, а за првпат без нивните родители. Значајно е да се забележи дека некои од учесниците имаа страв да се приближат и да влезат во вода, но персоналот изнаоѓаше соодветни начини да го надмине тој страв и секој од корисниците, особено оние кои немаат стекнато вештини за пливање, го искусија чувството на лебдење на вода со поддршка од персоналот.

Спортските активности беа поделени во следните дисциплини:

  • Трчање на 25 метри (мажи, жени и комбинирано);
  • Трчање на 50 метри (мажи, жени и комбинирано);
  • Скок во далечина.
  • .

  • Натпревари во мал фудбал (мажи, жени и комбинирано)
    Кошарка

  • Натпревари во баскет (екипи од по три лица – мажи, жени и комбинирано).

  • Натпревари во екипи од по три лица (мажи, жени и комбинирано).

  • Натпревари во екипи составени од по три лица (мажи, жени и комбинирано).

Учесниците беа претходно поделени во екипи според нивните можности, без разлика од кој дневен центар доаѓаат, што овозможи еднакво учество на сите.

  • Штафетни игри (подавање топка итн);
  • Бадминтон;
  • Фризби;
  • Разни друштвени игри (не лути се човеку, мемо, твистер итн.)
  • Цртање;
  • Музика и танцување.

При организирањето на ваков вид активности, подигнувањето на јавната свест во однос на потенцијалите и можностите на лицата со интелектуална попреченост е исто така една од целите. Поради тоа, беше обезбедено медиумско покривање на оваа манифестација со цел да се забележи и прикаже важноста од организирањето на овој вид активности за лицата со интелектуална попреченост. Интервјуата со некои од лицата со интелектуална попреченост и нивните реакции поврзани со оваа манифестација беше позитивен начин на прикажување на нивните потенцијали, способности и потребата да бидат еднакви граѓани во општеството. Присуството на Министерот за труд и социјална политика, г-дин Стевчо Јакимовски, на денот на отварањето на манифестацијата, исто така претставуваше афирмативна можност за подигнување на јавната свест.

Лицата со интелектуална попреченост за време на рекреативните активности имаа можности да се дружат со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје, кои во истото време престојуваа во Центарот. На нивна иницијатива се организираше фудбалски натпревар меѓу екипа од волонтерите на Црвениот крст на град Скопје и екипа од корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА.

На крајот од спортско-рекреативните активности, Црвениот крст на град Скопје додели дипломи на секој од учесниците, за негово/нејзино активно и успешно учество на оваа манифестација.

Може да се заклучи дека целите на спортско-рекреативните активности беа во целост реализирани. Корисниците на дневните центри беа активно вклучени во спортско-рекреативните содржини, персоналот од дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА имаше можност да увиди важни информации во однос на однесувањето на корисниците надвор од дневниот центар, што ќе биде од огромно значење за нивната понатамошна работа во рамките на иднивидуалната работа со корисниците и подобрувањето на вештините за самостојно живеење.

aktivnosti1aktivnosti2aktivnosti3aktivnosti4aktivnosti5aktivnosti6aktivnosti11aktivnosti12aktivnosti13aktivnosti21aktivnosti22aktivnosti23aktivnosti31aktivnosti32aktivnosti33aktivnosti41aktivnosti42aktivnosti43aktivnosti51aktivnosti52aktivnosti53aktivnosti61aktivnosti62aktivnosti63aktivnosti72aktivnosti73aktivnosti83aktivnosti93aktivnosti-grupna