Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА во Куманово, Виница и Охрид

Советите на општините Виница, Куманово и Охрид ги усвоија локалните акциони планови

РЦПЛИП – ПОРАКА во изминатитот период продолжи со реалзиација на активностите во рамките на програмата “ГРАДОТ И ПОПРЕЧЕНОСТА – развивање на локални акциони планови за попреченост во Охрид, Куманово и Виница”.

Во четвратата фаза на програмата, РЦПЛИП – ПОРАКА заедно со партнерот Хендикеп Интернационал одржаа по три работилници во секоја од трите општини, каде членовите на работните групи работеа директно на креирање на локалните акциони планови. Притоа, членовите на трите работни групи имаа можност да ги искористат стекнатите знаења од одржаните обуки.

Локалните акциони планови беа разработувани во согласност со меѓународниот документ “Агенда 22”, а врз основа на принципите зацртани во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. На работилниците, беа разгледувани приоритетите и потребите на лицата со попреченост првенствено во обласите кои се под надлежност на локалните самоуправа, но исто така и во областите кои не се сеуште децентрализирани, а во кои локалните заедници можат да придонесат преку локални акции и преку лобирање до централна власт.

Во разработувањето на локалните акциони планови, членовите на работните групи дадоа свој придонес во офомување на приоритетите и активностите. Притоа, се водеше сметка предложените активности во локалните акциони планови да бидат реални и изводливи, во согласност со ресурсите на локалните заедници. За секоја поединечна активност дефинирана е нејзината цел, задача, одговорна институција за спроведување, времен-ска рамка и извор на финансирање на активноста.

По циклусот на работилници, беа организирани презентации и јавни дебати за локалните акциони планови со советниците од Советите на трите општини и со претставници на институции и чинители. На овие настани, добиен е позитивен фидбек во однос на овие стратешки документи, како и конструктивни забелешки од учес-ниците. Потоа, беа организирани по една финална работилница во секоја од трите општини, на кои беше финализиран текстот на предлог – локалните акциони планови, а на членовите на работните групи им беа доделени сертификати за учеството и придонесот во целата програма.
Како резултат на претходно спроведните фази, Советот на општина Виница на 21-ви јуни 2010 година едногласно го усвои Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Виница 2010 – 2013. Советот на Општина Куманово, два дена подоцна, на 23-ти јуни 2010 година исто така едногласно го усвои Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченоство Куманово 2010 – 2013. Советот на општина Охрид на 19-ти јули 2010 година исто така едногласно го усвои Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид 2010 – 2013.

Позитивните ефекти од реализацијата на програмата побудија интерес за креирање на локални акциони планови и во други општини. Покрај општина Радовиш каде процесот веќе е отпочнат, општина Гостивар е втората општина која покажа интерес.

РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведува активностите за креирање на локални акциони планови во партнерство со Хендикеп Интернационал – Југоисточна Европа, а со поддршка од Програмата за мали грантови на Амбасадата на САД во Македонија.

Scroll to Top
Skip to content