Конференција на ЕАСПД во Хелсинки – Финска, 3 и 4 октомври 2019 „Персоналот е важен! Работната сила на утрешнината во областа на попреченоста“

Персоналот кој работи во секторот за поддршка и социјална заштита е непроценливо богатство за нашето општество, давајќи високо квалитетна поддршка што може да им овозможи на лицата да ги уживаат своите човекови права и да го достигнат целиот свој потенцијал. Со новиот Европски парламент и Европска комисија во следните 5 години, Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост потенцира дека е време да ја препознаеме важноста на персоналот во секторот за поддршка и социјална заштита и да инвестираме во иднината на работната сила во секторот за попреченост.

Сервисните служби за социјална заштита и поддршка го имаат клучот за создавање на социјална, инклузивна и просперитетна Европа. Преку високо квалитетни сервисни служби нашето општество може да ги оспособи лицата да имаат еднаков пристап до своите човекови права; да ја олеснат социјалната инклузија, како и да промовираат рамнотежа меѓу работата и приватниот живот и родова еднаквост за оние кои се грижат за нив. Сепак, без расположливоста на добро обучена работна сила, ниту една од придобивките од тие сервисни служби не би била можна.

Регрутирање и задржувањето на персоналот од социјалната заштита и поддршка станува се поголем проблем низ Европа, па ЕАСПД, Фондацијата за сервисни служби за лица со интелектуална попреченост и нивните партнери одржаа меѓународна конференција „Персоналот е важен! Работната сила на утрешнината во областа на попреченоста“ на 3-ти и 4-ти октомври. Заедно, со над 300 учесници во Хелсинки, на конференцијата се истражување како може да се создадат услови за работната сила во областа на попреченоста да може да ги задоволи идните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства.

Се разгледаа перспективите на корисниците на сервисни служби, персоналот и менаџерите на сервисните служби, како и истражувачи, локални власти, организации од граѓанското општество и пораката е јасна: Да се работи во секторот за поддршка и социјална заштита може да биде високо наградувачка и значајна кариера, со бројни можности како за персоналот така и за професионалниот развој. И покрај можностите што секторот ги нуди за потенцијалните вработени, сепак не успева да биде постојано прифатен како атрактивен работодавач. Доколку секторот сака да обезбеди дека е способен да регрутира персонал треба да ги исполни барањата на нашите општества, мора повеќе да се направи за да се промовираат вредноста, влијанието и можностите за работа кои ги нуди социјалниот сектор.

Со цел да се обезбеди дека секторот и неговата работна сила можат да го постигнат својот целосен потенцијал, од суштинско значење е сервисните служби за социјална заштита и поддршка да имаат пристап до доволно ресурси кои ќе им овозможат задоволување на потребите на корисниците и на персоналот. James Crowe, претседател на ЕАСПД, ја повтори важноста од инвестирање во сервисните служби за социјална заштита и поддршка и улогата што ЕУ може да ја има во сето ова. Говорејќи на конференцијата тој потврди дека: „Тековната недоволна инвестиција во секторот ја поткопа можноста на социјалните сервисни служби да им ја обезбедат на работната сила соодветната обука и поддршка што им е потребна. Преку следниот долгорочен буџет на ЕУ, Европската унија може да обезбеди можности за многу потребни инвестиции во овој сектор, што не само што ќе помогне да се отворат повеќе еднакви и инклузивни општества, туку може да се поддржи и еден од најголемите креатори на работни места во ЕУ да обезбеди значајно вработување на уште повеќе луѓе.“

Гледајќи во идната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост James Crowe продолжи, „Персоналот е најголемата вредност на нашите сервисни служби, и тие се клучните имплементатори на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Идната Европска стратегија за попреченост мора да ја прифати важноста на персоналот во сервисните служби за поддршка и улогата што тие ја имаат во оспособувањето на лицата со попреченост да имаа пристап до клучните права и сервисни служби, како и целосно да учествуваат во нивните заедници.“

Покрај важноста на сервисните служби во целосната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, Kirsi Konola, заменик претседател на ЕАСПД, ја истакна важноста на овој сектор во постигнувањето на економија на добросостојба. Додавајќи на коментарите на James Crowe, таа нагласи: „Само преку обезбедување на високо квалитетни социјални сервисни служби, со силна и добро обучена работна сила, економијата на добросостојба може да стане реалност.“

Вториот ден од конференцијата ќе се надогради на дебатите од првиот ден и ќе продолжи со можностите за дискусии во однос на предизвиците и можностите со кои се соочува секторот. Овој дијалог е суштински за да се обезбеди дека секторот може да се развива и да ги исполни идните барања на нашите заедници, а дополнителни платформи, вклучително и на ниво на ЕУ, се потребни за да се олесни социјалниот дијалог меѓу персоналот и работодавачите.

Scroll to Top
Skip to content