Мултимедијален перформанс СОНЦЕ ВО УСТАТА

Позитивниот исход од претставата “Малиот Принц” и придобивките од истата во развивањето на самодовербата на лицата со интелектуална попреченост беа мотив за повторна соработка со театарската група “Театар Пи”.
Овојпат во малку поинаква изведба, дел од корисниците на дневниот центар – ПОРАКА Скопје пред камера ги изразија своите новогодишни пораки до светот. Сето ова во вид на мултимедијален перформанс беше презентирано на 25.12.2014 година во просториите на галеријата Кора, каде корисниците и нивните родители имаа можност да го проследат истиот. За сите заинтересирани оваа изведба е достапна на YouTube.

Scroll to Top
Skip to content