Партнерства на РЦПЛИП - ПОРАКА во европски проекти

Активности во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење“

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА продолжува со учеството како партнер организација во конзорциум со
10 партнери во Европскиот проект насловен како „Рана инклузија преку взаемно учење”, кој е поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка, а се реализира во рамките на Еразмус+ програмата.
Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи за работа со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА беше во директна комуникација со конзорциумот на партнерски организации, предводен од австриската организација Синн-Евалуатион. Во рамките на проектот, продолжија редовните активности, согласно проектниот распоред. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на унапредувањето на алатките кои се овозможени со овој проект. Поточно се работеше за унапредување на алатката: Пазар за методи на инклузија што претставува самоорганизирана методолошка онлајн размена на искуства. Активностите се однесуваат на адаптација на онлајн платформата за размена на искуства меѓу професионалците и се поставуваа позитивни искуства и практики од работата со лица со интелектуална попреченост. РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на превод и адаптација на инклузивните методи кои се поставени на онлајн платформата www.early-inclusion.eu.

Исто така, РЦПЛИП – ПОРАКА започна со подготовка на два информативни настани за мултипликација во кој ќе бидат вклучени 40 воспитувачки од градинки на територија на општините Центар и Карпош.

Scroll to Top
Skip to content