Партнерства на РЦПЛИП - ПОРАКА во европски проекти

Активности во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење“

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА учествува како партнер организација во конзорциум со 10 партнери во Европски проект насловен како „Рана инклузија преку взаемно учење”, кој е поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка. Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи во односот со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА беше во директна комуникација со конзорциумот на партнерски организации, предводен од австриската организација Sinn – Evaluation. Во рамките на проектот, продолжија редовните активности, согласно проектниот распоред. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на прашања за валидација (креирање, адаптација и превод) за 10-те подготвени информативни пакети за инклузија за одредени состојби, синдроми и попреченост. Исто така, беа преземени голем број активности од технички карактер, пред се за превод и адаптација на онлајн платформата за рамена на искуства (пазар на методи за инклузија).

Scroll to Top
Skip to content