Партнерства на РЦПЛИП - ПОРАКА во европски проекти

Активности во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење“

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА продолжува со учеството како партнер организација во конзорциум со 10 партнери во Европски проект насловен како „Рана инклузија преку взаемно учење”, кој е поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка. Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи во односот со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА беше во директна комуникација со конзорциумот на партнерски организации, предводен од австриската организација Sinn-Evaluation. Во рамките на проектот, продолжија редовните активности, согласно проектниот распоред. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на унапредувањето на алатките кои се овозможени со овој проект. Поточно се работеше за унапредување на алатката: Пазар за методи на инклузија што претставува самоорганизирана методолошка онлајн размена на искуства. Активностите се однесуваа на адаптација и средување на онлајн платформата www.early-inclusion.eu наменета за размена на искуства меѓу професионалците и се поставуваа позитивни искуства и практики од работата со лица со интелектуална попреченост. Исто така, беа преземени голем број активности од технички карактер, пред се за превод, адаптација на информативни материјали.

Воедно се спроведуваат и подготвителни активности за одржување на редовен состанок на проектните партнери кој ќе се одржи во Скопје кон крајот на октомври 2016 година, чиј домаќин ќе биде Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Scroll to Top
Skip to content