Пораката за еднакви можности за лицата со интелектуална попреченост претставена на Скопскиот маратон 2013

Дејан Крле, еден од учесниците на Скопскиот маратон 2013 година својата трка ја посвети на лицата со интелектуална попреченост и нивна афирмација како еднакви граѓани во нашата држава.
Имено, тој за време на маратонот (в недела, 12 мај 2013, со почеток во 9 часот) на својата спортска опрема носеше натпис „Еднакви можности за лицата со интелектуална попреченост“ со цел подигнување на јавната свест за правата на лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија.

Оваа иницијатива се реализира во соработка со Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, како една од активностите за одбележување на јубилејот – 50 години активно делување на РЦПЛИП – ПОРАКА.

Деајн е позитивен пример за сите нас и доказ дека во Република Македонија се уште постојат добронамерници кои се подготвени да дадат свој придонес во процесот на изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост.

Во името на сите наши членови со интелектуална попреченост, упатуваме голема благодарност до Дејан.

Scroll to Top
Skip to content