Реализирана студиска посета на модели на рана интервенција во Австрија

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во изминатиот период нагласено работи на иницијативата за оформување на сервисна служба за рана интервенција за деца со интелектуална попреченост. Тргнувајќи од недостатокот на ваков тип на сервисни служби во Република Македонија, а имајќи ја во предвид исклучителната важност на поддршката која раната интервенција ја нуди во првите години од животот на децата, РЦПЛИП – ПОРАКА отпочна со конкретни активности за мапирање и изнаоѓање можности и ресурси за практична реализација и оформување на пилот сервисна служба за рана интервенција во Скопје.

Првиот чекор во осмислувањето и дизајнот на сервисната служба за рана интервенција е одредување на моделот на рана интервенција кој би се прифатил како основа, а потоа би се адаптирал според условите во Република Македонија. По сугестии од проф. д-р. Манфред Претис (австриски експерт во рана интервенција и соработник на РЦПЛИП – ПОРАКА) и во соработка со Фондација НЕТ – партнерска организација од Бугарија, претставници на РЦПЛИП – ПОРАКА учествуваа во студиска посета на два центри за рана интервенција за деца со интелектуална попреченост во Виена и Капфенберг, со цел увидување на австрискиот модел на рана интервенција. Студиската посета опфати 4 дела:
1. Посета на центарот за рана интервенција на организацијата Vinco во Капфенберг, каде беа добиени информации за методологијата на работа преку пристапот на индивидуални планови за секој корисник. Менаџерскиот тим на центарот сподели информации за организациските аспекти и поставеност: број на корисници, број на персонал, динамика на работа со семејства во домашни услови итн. Исто така, беа добиени информации за структурната поставеност и менаџирањето на сервисната служба, како и за финансирањето и соработката со локалните власти (100% покривање на сите трошоци од страна на општината по пат на индивидуално буџетирање на потребите на секој корисник). Системот за документирање на Vinco е развиен како онлајн инструмент и е базиран на ICF – класификацијата на Светска здравствена организација, што е интересна новина и значајна можност за мултиплицирање во Македонија.
2. Посета на центарот за рана интервенција на Виенските социјални служби во Виена, кој е најголем обезбедувач на услуги од ваков тип во Австрија. Посетата на овој центар беше реализирана заеднички со бугарските колеги од фондација НЕТ, а менаџерскиот тим во центарот во детали ги презентираше сите аспекти на нивно функционирање. Покрај одличните технички услови за работа, увидено е високо ниво на организациска култура и менаџмент. Овој модел, за разлика од моделот на Vinco, го карактеризира високо ниво на флексибилност во поглед на добивањето и располагањето со финансии од страна на локалната самоуправа, при што 100%-ното покривање на трошоците е условено со одреден број на корисници кои треба да бидат опфатени во текот на годината.
3. Работен состанок во Австриското министерство за труд, социјална политика и заштита на потрошувачи со г-дин Харалд Фугер, австриски аташе во Република Македонија, со цел обезбедување поддршка во креирањето на сервисна служба за рана интервенција во Македонија. Со г-дин Фугер е договорено негово вклучување во процесот на лобирање за потребата од креирање на модел и сервисна служба за рана интервенција, како и директна поддршка во преговорите со Министерството за труд и социјална политика. Дополнително, договорено е г-дин Фугер во својата програма за Македонија за 2015 година, да опфати организирање на дебати, обуки или семинари на тема рана интервенција, кои ќе бидат поддржани од страна на Австриското министерство за труд, социјална политика и заштита на потрошувачи.

Scroll to Top
Skip to content