Штип ќе добие дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Штип, ООУ „Гоце Делчев” и РЦПЛИП – ПОРАКА

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, директорот на ООУ „Гоце Делчев”, Трајче Димов и претседателот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА на 31.1.2019 потпишаа меморандум за соработка со кој се отстапува простор од 180м2 во ООУ „Гоце Делчев”. – Штип и се наменува за дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на прес – конференција објави дека општината отстапува дел од просторот во Општинското основно училиште „Гоце Делчев”, каде ќе се отвори овој центар, а ќе се реконструира и опреми со помош на Министерството за труд и социјална политика. Со тоа, општината покажува дека е посветена на создавање услови за поголема интеграција на оваа група граѓани.
– Просторот е некаде околу 180 метри квадратни во училиштето „Гоце Делчев”. По потпишувањето на овој меморандум ќе почне адаптацијата и реконструкцијата, со што ќе биде искористен за потребите на лицата со посебни потреби над 18 години – вели Бочварски
Директорот на ООУ „Гоце Делчев”, Трајче Димов вели дека станува збор за добра заедничка иницијатива.
– Со адаптација на овој простор ми се чини дека ќе биде еден од подобрите простори за користење од страна на лицата со посебни потреби над 18 години. Ние сме училиште, каде работиме најмногу со дечиња во инклузија, дечиња кои имаат попреченост во развојот – вели Димов.
Претставниците од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Штип забележуваат дека родителите се најзадоволни од реализацијата на овој центар. Со години бараат од локалната власт, да се отвори ваков центар, бидејќи се оставени самите да се снаоѓаат со своите возрасни деца. Во овие семејства вообичаено еден од родителите не работи.

Со потпишаниот Меморандум за соработка се официјализира соработката помеѓу Општина Штип, Општинското основно училиште „Гоце Делчев” – Штип и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и бенефит за трите страни, со цел воспоставување на социјална сервисна служба – дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.

Scroll to Top
Skip to content