Од 1963-та и ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Македонија.

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација (согласно Законот за инвалидкси организации), и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика.

РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 20 локални организации во земјата.

  • Обезбедување законски можности за овозможување на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество;
  • Развивање на алтернативни сервисни служби во местото на живеење, согласно принципите за изедначување на можностите на лицата со интелектуална попреченост;
  • Остварување и унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество.

  • Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот;
  • Изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост како еднакви граѓани во заедницата;
  • Обезбедување на семејна поддршка – соодветни сервисни служби и поддршка за семејствата со член со интелектуална попреченост во местото на живеење;
  • Почитување на самоопределувањето, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
  • Превенција од институционализација;
  • Подобрување на условите за живот во постоечките институции;
  • Деинституционализација на лица со интелектуална попреченост и нивно опфаќање во алтернативни сервисни служби во местото на живеење;
  • Подигнување на јавната свест.

  • Иницијативи за подобрување на законските можности и политиките за лицата со интелектуална попреченост на национално ниво;
  • Координација и стручно-методолошка помош на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА;
  • Воспоставување на мрежа од алтернативни сервисни служби во местото на живеење:
    • Ресурсен центар (сервисна служба за советување и информирање);
    • Социјални клубови и советувалишта во сите локални организации;
    • Дневни центри за адолесценти и возрасни со интелектуална попреченост;
    • Иницијативи за оформување на сервисни служби за самостојно живеење за лица со интелектуална попреченост;
  • Комуникација и размена на искуства на европско и меѓународно ниво.

  • НСИОМ – Национален совет на инвалидски организации на Македонија;
  • Национално координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија;
  • МППС – Македонска платформа против сиромаштија.

  • “Inclusion Europe” – Европска асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
  • “Inclusion International” – Интернационална асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
  • “EASPD” – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.