 |
|
Анализа со предлози за унапредување на социјалната заштита за лица со интелектуална попреченост во Република Македонија |
Унапредувањето на правата на лица со интелектуална попреченост и нивните семејства е основна програмска активност на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА. Со оглед на тоа што лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства се една од социјално најзагрозените групи граѓани во нашето општество, неопходни се итни промени во областа на социјалната заштита.
|
прочитајте
повеќе |
 |
|
Веб-напис за кампањата на РЦПЛИП - ПОРАКА
Упорноста на организација во Македонија води кон значајна победа за лицата со попреченост |
Потребни беа многу години, но граѓаните со попреченост во Македонија сега законски имаат право на еднаков третман пред законот.
Промената се случи кон крајот на минатата година кога Собранието на Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, збир на владини заложби и обврски за овозможување на целосни права за лицата со попреченост наместо тие да се третираат како објекти на милостина и институционализација.
|
прочитајте
повеќе |
 |
|
Партнерства во рамките на програмата "Активни граѓани"
ПОРАКА: Отворете ги прозорците кон општина без дискриминација |
Британскиот совет во 2009 година започна со програма наречена Активни граѓани. Главната цел на програмата е да им пружи поддршка на учесниците да преземат позитивна акција за општествена промена.
|
прочитајте
повеќе |
 |
|
Континуирани програмски активности на РЦПЛИП – ПОРАКА во 2012 година |
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во 2012 година продолжува со реализација на активностите кои произлегуваат од поставените цели и принципи на делување.
|
прочитајте
повеќе |
 |
|
Заклучоци и препораки од Европската конференција
„Стари, па што? Самостојно живеење за стари лица со попреченост.“ |
Како придонес кон Европската година за активно стареење и солидарност меѓу генерациите, ЕАСПД објавува препораки за вклучување на старите лица со попреченост.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Тркалезна маса "Конвенција на ОН за правата на лица со попреченост - ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ" |
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, со поддршка од Националниот демократски институт, на 15.12.2011 година во х. Холидеј Ин – Скопје, организираше тркалезна маса под наслов "Конвенција на ОН за правата на лицата со попреченост - идни предизвици".
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Отворен ден на дневниот центар – ПОРАКА Скопје |
Во рамките на својата програма за одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА во соработка со ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје организираше Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во Скопје. Отворениот ден се одржа на 5.12.2011 година со почеток од 10:00 часот.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост |
ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје, во рамките на програмата за одбележување на 3-ти Декември реализираше различни активности. На 5-ти декември се одржа Отворен ден на дневниот центар ПОРАКА Скопје на кој присуствуваа голем дел од соработниците и поддржувачите на дневниот центар. Во рамките на Отворениот ден, РЦПЛИП – ПОРАКА и ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје доделија благодарници на институции и поединци како израз на благодарност за поддршката во нивната работа.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Добротворен ручек во Македонската Амбасада во Хаг |
На 10 ноември 2011 во Хаг, во ресторанот на големиот ланец супермаркети Sligro, во организација на Амбасадата и со поддршка на г-ѓа Патрициа Холамби, се одржа добротворен ручек со цел промоција на Македонија и собирање на средства наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
|
прочитајте
повеќе |
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
 |
|
ПРАВАТА ДА СТАНАТ РЕАЛНОСТ!
Во рамките на програмата “Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес која ја спроведуваат Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) и Институтот за парламентарна демократија (ИПД), РЦПЛИП – ПОРАКА е вклучена како една од четирите партнерски организации со својата иницијатива која се однесува токму на Конвенцијата. Во рамките на ова партнерство, во соработка со НДИ и ИПД, ПОРАКА подготви и дистрибуираше информативен материјал: летоци, постери и лесночитлива верзија на Конвенцијата на ОН...
|
|
|
|
|
НИШТО НОВО ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Предлозите на РЦПЛИП - ПОРАКА кои изминатите години во повеќе наврати се доставени до Министер-ството за труд и социјална политика воопшто не беа земени во предвид при оформувањето на текстот на предлог - законот, како ни при ревидирањето на истиот од страна на работната група...
|
|
|
|
|
ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА РЦПЛИП - ПОРАКА ВО ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ UNIQ: РЕАЛИЗИРАНА Е ТЕСТ-ФАЗАТА НА МОДЕЛОТ NUEVA ВО ЧЕШКА
Проектот е поддржан од програмата Progress на Европската комисија, а неговата главна цел е пренесување на моделот на евалуација на сервисни служби, кој е развиен од ATEMPO, во три европски земји: Чешка, Норвешка и Германија. Моделот “Nueva” е иновативен пристап кој овозможува лицата со интелектуална попреченост да спроведуваат евалуација на сервисните служби кои самите ги користат.
|
|
|
|
|
СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР - ПОРАКА ОХРИД
Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Александар Петрески, свечено ги пушти во употреба новите простории на дневниот центар - ПОРАКА Охрид. Со тоа, дневниот центар ги доби сите технички предуслови за непречено функционирање
|
|
|
|
|
ПАРТНЕРСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ТРИ ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
Можноста да учествува како партнер во европски проекти е од исклучително значење за РЦПЛИП-ПОРАКА поради поврзувањето и создавањето на партнерства со истородни организации од регионот и од Европа, како и поради стекнувањето знаења и искуства за нови иновативни пристапи во работата со лица со интелектуална попреченост кои би се адаптирале и имплементирале во Република Македонија.
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
|
 |
|