Како завршна манифестација на кампањата “Преку РАЗЛИЧНОСТА до ЕДНАКВОСТ во општеството” на локално ниво, а по повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струга, на 12.12.2007 година свечено го пушти во употреба новиот објект на дневниот центар – ПОРАКА Струга.
Новите простории (400 m2) се наоѓаат на брегот на Охридското езеро, до ракометното игралиште. Општина Струга го отстапи на користење целиот објект на ЦПЛИП – ПОРАКА Струга, а реновирањето беше поддржано од Министерството за надворешни работи на Финска преку УНДП – Локална агенција за развој, од РЦПЛИП – ПОРАКА и од Општина Струга.
Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамиз Мерко свечено го пушти во употреба новиот објект на дневниот центар.
На манифестацијата беше промовиран и прикажан документарниот филм за дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА.

