On 24th February 2021, the European Association of Service providers for Persons with Disabilities (EASPD) organized an online webinar to bring to light the financial situation of social service providers across Europe. A new Study on the short-term impact of COVID-19 on social services was also presented, which highlights the lack of financial resilience of many social service providers, as well as the loss of 1,000s of jobs in social care and support as a result of the crisis. A clear message arose from the webinar: the European Union must address the financial resilience of social services in their upcoming social policy agenda; on the next EU Disability Strategy and the Action Plan on the European Pillar of Social Rights, expected in March 2021.
Од вебинарот произлезе јасна порака: Европската унија мора да ја опфати финансиската отпорност на социјалните сервисни служби во нивната претстојна агенда за социјална политика; во следната Стратегија за попреченост на ЕУ и Акцискиот план на Европскиот столб на социјални права, кој се очекува во март 2021 година.
Сервисните служби за поддршка на лица со попреченост се клучни за нивната добросостојба и уживање на нивните права низ Европа. Пандемијата со КОВИД-19 ја потенцираше структурната слабост на екосистемот на социјалните сервисни служби; во голема мера поради слабото финансирање и недостигот на персонал. Ова е главниот исход од истражувањето промовирано од ЕАСПД за краткорочното влијание на КОВИД – 19 врз сервисните служби за поддршка.
Презентирајќи го истражувањето за краткорочното влијание на КОВИД-19 врз секторот на социјални сервисни служби, авторот – Professor Sigrid Rang, рече „на секторот на социјални сервисни служби за поддршка му треба поддршка за да заздрави, особено бидејќи ова заздравување ќе ја постави основата за тоа како ќе се грижиме за најранливите во нашето општество во следните години. Тоа повлекува финансирање, но заедно со него: општествен дијалог за основните принципи на обезбедување сервисни служби“.
Одговарајќи на ова истражување, обезбедувачите на сервисни служби од Европа говореа за финансиската ситуација на нивните активности истакнувајќи дека многу од нив сè уште заздравуваат од финансиската криза од 2008 година и мерките за штедење како резултат на таа криза. Дури една деценија подоцна, многу сервисни служби за лица со попреченост сè уште се во фаза на преживување, особено во земјите кои се најмногу зафатени од мерките за штедење или каде финансирањето на социјалните потреби е значително скратено. Недостигот од персонал генерално се зголемува. Социјалната иновација се смета како дополнување, наместо како клучен дел од стратегиите за политики. Тоа јасно влијаеше на отпорноста на сервисните служби за грижа и поддршка кои тие ги овозможуваат и нивната способност да опстојат во однос на понатамошните шокови.
Говорниците исто така истакнаа дека сè уште не добиле каква и да било финансиска поддршка за нивниот сектор од значителните ЕУ фондови кои беа пуштени во изминатата година, и истакнуваа дека треба уште да се делува за да се поттикнат земјите членки да ги користат овие европски фондови за градење на отпорноста на секторот за социјални сервисни служби. Неколку од говорниците се осврнаа на потребата за еднакви услови, бидејќи многу непрофитни обезбедувачи на сервисни служби не можат да имаат корист од националните мерки за поддршка, а кои ги користат бизнис-секторот; со што се чувствуваат дискриминирани.
За Luk Zelderloo, Генерален секретар на ЕАСПД, „Ова е главната причина зошто пандемијата со КОВИД-19 толку силно ги погоди нашите активности. Социјалните сервисни служби се неопходни за милиони лица, а сепак, честопати ни недостасува отпорност и ни недостасува вистински екосистем што може да ни овозможи – а и на лицата што ги поддржуваме – да напредуваме. Потребни се повеќе и подобри социјални инвестиции, а не помалку и полоши“.
Thomas Bignal, Менаџер за политики во ЕАСПД, додаде дека „Европската Комисија -на хартија- има многу амбициозен социјален план за заздравување. Но, одговорот на ЕУ треба да ја гради отпорноста на секторот за социјални сервисни служби во практика, а тоа значи посветени активности за поддршка на земјите членки во повторно градење на еко-системот на секторот. Финансиската состојба на социјалните сервисни служби не може да се игнорира во следните месеци, и тоа започнува со новата европска стратегија за попреченост што се очекува следната недела. Таа треба да содржи повеќе од само зборови, треба да вклучува насочени активности за поддршка на сервисните служби за лица со попреченост“.