Годишна награда за 2005 година од Handicap International – југоисточна Европа за најдобра практика во областа на сервисни служби во местото на живеење за лица со попреченост
Мисијата на Handicap International – југоисточна Европа е поддршка на лицата со попреченост и другите носители на акции вклучени во процесот на обезбедување на еднакви можности и целосно учество на лицата со попреченост во општеството. Во рамките на програмата за поддршка на развојот на сервисните служби во местото на живеење, потребата од споделување на знаењето и добрите практики е во голема мера прифатено меѓу носителите на акции во југоисточна Европа. Со цел да се обезбедат поголеми можности во оваа област, од 2004 година Handicap International започна со програма на доделување на награди, која прерасна во награда наменета за обезбедувачи на сервисни служби во местото на живеење кои ги поддржуваат лицата со попреченост во регионот на југоисточна Европа.
- На конкурсот и оваа година можеа да се пријават обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост од невладиниот, јавниот и приватниот сектор во земјите од југоисточна Европа.
- Процесот на селекција вреднуваше иницијативи кои:
Имаат докажано и видливо влијание во подобрувањето на квалитетот на живеење на лицата и нивните права за целосно учество и вклучување во општеството; - Поддржуваат самостојно живеење на лицата со попреченост во согласност со неговите-нејзините можности и желби;
фективни партнерства меѓу јавниот и граѓанскиот сектор во општеството за обезбедување на служби на локално ниво; - Обезбедуваат служби врз основа на активно учество на корисниците, нивните застапници (на пример, кога се работи за лица со интелектуална попреченост или деца со попреченост) и претставници на лица со попреченост во процесот на развој на службите што се обезбедуваат.
Оваа година, пет организации беа наградени од страна на Handicap International.
Организацијата која покажа особена цврстина во партнерскиот пристап и промени во политиката беше Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, организација од Македонија. РЦПЛИП – ПОРАКА обезбедува неколку структури кои овозможуваат секојдневна поддршка на лицата со интелектуална попреченост за стекнување на вештини за секојдневно живеење, образование и интеграција. Исто така делува и за подигнување на свеста во заедницата, информирање на своето членство и застапување пред властите.
Мотивацијата на жирито за доделување на наградата за најдобра практика во областа на сервисните служби во местото на живеење на РЦПЛИП – ПОРАКА беше:
“ПОРАКА делува на зајакнување на гласовите на една од најмалку застапените групи во заедницата, направи значителни постигнувања преку застапување за правото на достапност на службите на локално ниво, во партнерство со Владата на Република Македонија и другите групи во граѓанското општество во земјата.”
На 20 јануари 2006 година (петок) во Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” сала бр. 5 во 11 часот, регионалниот директор на Handicap International, г-дин Alexandre Cote официјално ја додели наградата и истакна:
“Денес, Handicap International чувствува дека Македонија е една од земјите во регионот која има вистински капацитет да го направи општеството подостапно и поотворено за лицата со попреченост.
Од Њујорк до Брисел, од подготовките на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост од страна на Обединетите нации до имплементирањето на акциониот план за лицата со попреченост од страна на Европската унија, развивањето на политиката која го поддржува целосното учество на лицата со попреченост не е повеќе само опција, туку претставува обврска за сите одговорни централни и локални власти.
Искрено се надеваме дека во иднина македонската влада многу поактивно ќе го поддржи развивањето и одржливоста на сервисни служби за лицата со попреченост, како оние кои се креирани и менаџирани од страна на РЦПЛИП – ПОРАКА. И покрај прогресот кој е направен во Македонија во однос на обезбедувањето на сервисни служби за лицата со попреченост, се чувствува потребата од развивање на други видови сервисни служби: мали групни домови, самостојно живеење, ресурсен центар, лични асистенти, центри за времено опфаќање, поддржано вработување.
Неопходно е воспоставување на партнерски односи помеѓу јавниот и невладиниот сектор, преку склучување на договори, односно лиценцирање и давање на можности за менаџирање на сервисните служби од страна на невладиниот сектор. Со цел да придонесеме за развивање на овој процес, Handicap International и РЦПЛИП – ПОРАКА во Април 2006 година ќе организираат конференција фокусирана на развојот на оваа област те. склучување на договори за партнерство помеѓу владиниот и невладиниот сектор.
На крајот, дозволете да го искажам нашето убедување дека РЦПЛИП –ПОРАКА, како организација која е вклучена не само во обезбедувањето на сервисни служби за лицата со попреченост, туку е и долгорчно вклучена во процесот на промена на политиката, преставува добар пример како граѓанскиот сектор може и треба да работи за градење на подобро општество за сите.
Средствата од наградата во висина од 2.000,00 евра, РЦПЛИП – ПОРАКА има обврска да ги искористи строго наменски за активности кои ќе значат развој на сервисните служби, а за што треба да достави технички и финансиски извештај до Handicap International.”