Како дел од програмските активности за координација и поддршка на работата на своите локални организации и сервисни служби, РЦПЛИП – ПОРАКА секоја година организира работилници за SWOT анализа на состојбите во локалните организации и сервисните служби. SWOT анализата е алатка која е мошне корисна за проценување на актуелната состојба внатре во организацијата, со сите нејзини предности и слаби страни, но и можностите и заканите кои доаѓаат од средината. Доколку реално и објективно се изготви, анализата претставува добра основа за подготвување на реални и ефективни планови и изнаоѓање на начини за надминување на слабостите.
Оваа година, РЦПЛИП – ПОРАКА одржа две работилници за разработување на добиените SWOT анализи. Првата работилница се одржа во Скопје, во просториите на РЦПЛИП – ПОРАКА, на 09.10.2009 година. На оваа работилница учествуваше по еден претставник од 16 локални организации на РЦПЛИП – ПОРАКА. Втората работилница се одржа во дневниот центар – ПОРАКА Скопје на 17.10.2009 година, а учествуваа сите ангажирани лица од дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА од Радовиш, Куманово, Скопје и Охрид.
На работилниците секој од учесниците имаше можност да ја презентира SWOT анализата. Тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА и останатите учесници, по секоја презентација, даваа забелешки и совети во однос на работењето на секоја од локалните организации и сервисните служби, истакнувајќи ги и позитивните примери.