Првиот состанок на дванаесетте самостојни експерти кои се одговорни за следење на Конвенцијата за правата на лица со попреченост се одржа во Женева од 23-ти до 27-ми февруари 2009 година.
По сесијата за отворање на која присуствуваше заменикот на Високиот Комесар за човекови права, членовите на Комитетот имаа бенефит од воведен курс поврзан со функционирањето на неколку елементи од машинеријата на ОН за човекови права.
Комитетот одлучи дека ваков вид на состаноци за обука и дискусии поврзани со правилата на процедури треба да се одржуваат на состаноци кои ќе бидат отворени за јавноста, вклучувајќи НВОи, што претставуваше значаен преседан.
Состанокот на Комитетот со специјализираните агенции на ОН беше еден од најинтересните моменти од сесијата, покажувајќи дека, освен агенциите кои долго време делуваат во областа на попреченоста (ILO, WHO, UNICEF и UNESCO), другите агенции започнуваат да ги земаат предвид правата на лицата со попреченост: Високиот Комесар за бегалци, Интерпарламентарната унија и Меѓународната организација за миграција. Ткн. Интерагенциска група за поддршка за Конвенцијата на ОН помага во зголемувањето на фокусот.
Претставници од околу 15 држави потписнички (и непотписнички) зедоа учество во сесијата на Комитетот посветена на државите. Претставниците на државите, вклучувајќи го и мексиканскиот Амбасадор Алфонсо де Алба, им предложија на членовите од Комитетот да побараат највисоки стандарди поврзани со изготвување на нивни правила на процедури, со посебен осврт на улогата на граѓанското општество. Изјавите што ги дадоа членовите на Комитетот открија дека некои од нив с# уште се гледаат себеси како претставници на својата држава, а не како самостојни експерти.
На една од сесиите се овозможи размена на гледишта помеѓу Комитетот и НВОи, како и со националните институции за човекови права. Различните претставници на меѓународната алијанса за попреченост (и CRD Форумот) ги координираа нивните интервенции, потсетувајќи ги членовите на Комитетот за важната улога која ја имаа НВОи на лица со попреченост во процесот на преговарање за Конвенцијата за правата на лица со попреченост. Значајно е да се спомене дека на оваа сесија не присуствуваа само претставници на НВОи на лица со попреченост, туку и други НВОи за човекови права.
Претставникот на меѓународниот комитет за координација на националните институции за човекови права (ICC) инсистираше на релевантната улога која ја имаат овие институции во имплементацијата на Конвенцијата, особено во поглед на членот 33 од Конвенцијата.
Најсложениот дел од сесијата беше изборот на позициите заседавач со Комитетот, заменици заседавачи и известувач. Обично, овие позиции се покриени преку консензус и се зема предвид географската застапеност. Тоа се покажа дека не е можно, па на крај за заседавач се избираше помеѓу три кандидати, од кои ниеден не доби мнозинство на гласови. По збрката за точното значење на правилата според кои се водат изборите (немаше правен совет за ова), се најде консензуално решение од двајцата кандидати со најголем број гласови, Јорданецот Мохамед Ал Таравнех и Шпанката Ана Пелаез, кои се согласија да ротираат на позицијата. Г-дин Таравнех е заседавач првата година, а г-ѓа Пелаез ќе биде заседавач втората година, а секој од нив ќе биде заменик заседавач во другата година.
Дискусијата за останатите позиции на Бирото беше одржана како затворен состанок и доведе до необично решение преку воспоставувањето на дополнителни 4 заменици заседавачи (по еден за регион кои ќе ротираат помеѓу две лица од регионот), известувач (Австралиецот Рон Меккалум) и известувач за индивидуални комуникации (Амна Ал Суваиди од Катар). Со оваа одлука, сите дванаесет членови на Комитетот ќе бидат во Бирото во текот на барем една од двете години од мандатот на канцеларијата на ова прво Биро.
Помеѓу финалните одлуки донесени од страна на Комитетот, следните се релевантни:
- Да се одобри изјава која беше прочитана на финалната конференција за печат. Оваа изјава ги повикува државите да ја ратификуваат Конвенцијата за правата на лица со попреченост и нејзиниот Опцијален протокол без резерви/декларации. Изјавата исто така инсистира дека актуелната економска криза не треба да има негативно влијание врз националните и меѓународните обврски поврзани со правата на лица со попреченост.
- Воспоставување на три работни групи за изготвување на правила на процедури, работни методи и насоки за извештаи.
- Одлука да се одржи Ден на генерална дискусија (општа расправа) за член 12, за време на втората сесија на Комитетот, која ќе се одржи во октомври
.
- Предлози наменети за Секретаријатот да ја истражи можноста за одржување на состанок(ци) на работната група пред сесијата во 2010 година и можноста да се одржи еден од двата годишни состаноци на Комитетот во Њујорк токму пред или по завршувањето на Конференцијата на држави потписнички.