Основно барање на РЦПЛИП – ПОРАКА во областа на здравствената заштита и осигурување во изминативе 20 години беше државата да обезбеди бесплатна здравствена заштита, лекување, третмани и лекови за сите лица со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста на 26 години. После голем број активности за застапување (вклучувајќи поднесена иницијатива во 2013 година до Уставниот суд за оценување на уставноста на ограничувањето на ослободување од партиципација при користење на здравствени услуги само за деца со попреченост до 26 годишна возраст), конечно на 18 јули 2023 година, Собранието на Република Северна Македонија усвои измена на Законот за здравствено осигурување со која се овозможува возрасните лица со интелектуална попреченост да користат здравствени услуги без обврска за плаќање на партиципација.
За жал, остварувањето на ова право за лицата со интелектуална попреченост над 26-годишна возраст, во изминатите две години се одвива отежнатото и голем број на лица, особено оние кои се со умрена интелектуална попреченост неосновано се одбиваат од страна на Центрите за социјална работа, со што истите вршат противзаконско кршење на нивите права.
РЦПЛИП – ПОРАКА изминатите две години постојано реагираше до Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до социјалната инспекција во состав на министерството, со цел да се овозможи непречено остварување на ова право.
Последната реакција беше доставена во април 2025 година до Одделението за заштита и вработување на лица со попреченост и заштита на стари лица при Секторот за социјална заштита, и до Кабинетот на Министерот, заедно со копии од неосновани одбивања на лица со интелектуална попреченост кои аплицирале за остварување на правото во центри за социјална работа.
Во реакцијата е дадено упатство од одговорни лица од министерството до сите центри за социјална работа во државата, во кое се посочува дека лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост го остваруваат правото на бесплатна здравствена заштита како корисници на надоместок за попреченост, додека лицата со умерена интелектуална попреченост треба да го остваруваат правото како корисници на надоместокот за помош и нега од друго лице. И покрај ваквото упатство од страна на надлежното министерство, останува нејасно зошто центрите за социјална работа го оспоруваат правото на лицата со умерена интелектуална попреченост и ги одбиваат нивните барања со издавање на несоодветни потврди. На последната реакција на РЦПЛИП – ПОРАКА се уште нема официјален одговор од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Приоритети и препораки на РЦПЛИП – ПОРАКА во областа на здравствената заштита и осигурување
Останатите приоритети и препораки на РЦПЛИП – ПОРАКА во областа на здравствената заштита и осигурување:
- Неопходна е ревизија на позитивната листа на лекови и обезбедување достапност на лековите кои се неопходни за децата/лица со интелектуална попреченост. Исто така, во делот на набавка на лековите, потребно е олеснување и забрзување на постапката за рефундирање на средства од Фондот за здравствено осигурување.
- Кога е потребно, матичниот лекар на пациентот со интелектуална попреченост да му препорачува придружник при хоспитализација во болнички услови, без ограничување на возраста со цел успешно да се оствари потребната здравствена заштита.
- It is crucially to develop services, programmes and prevention services, early detection, diagnosis, and early childhood intervention, while detecting atypical development of new-borns, but also following, treatment and rehabilitation.
- Советодавна поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства преку информирање, едукација и обука во областа на здравствената заштита.
- Обезбедување универзална достапност до сите потребни здравствени услуги за лицата со попреченост (вклучувајќи услуги за сексуално и репродуктивно здравје), обука на здравствените работници за пристап кон лицата со попреченост базиран на човековите права, како и информирање, едукација и намалување на предрасудите кај медицинскиот персонал.