Комисијата за заштита од дискриминација не ја препознава дискриминацијата кон лицата кои се лекуваат од опијатна зависност. Во мислењето кое го донесе по претставката од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот, Комисијата смета дека не е вознемирувачки или дискриминаторски тоа што овие лица се третираат со понижувачки третман при добивањето здравствени услуги во ЈЗУ Универзитетска стоматолошка клиника. Медицинскиот персонал при стоматолошката клиника ги дискриминира лицата кои се лекуваат од опијатна зависност така што пред да започнат со какви било прегледи, ги упатува да извршат испитување за Хепатитис Ц и Б и ХИВ на Инфективна клиниката. Потоа, лицата кои имале позитивен резултат, добивале здравствени услуги во посебна просторија, каде што не се лекуваат други пациенти, а стоматологот и останатиот медицински персонал при вршењето на медицинската интервенција користеле посебна заштита (два пара ракавици, специјални одела со маски и обложување на столицата и сите апарати со посебна проѕирна фолија). Цело соопштение