Овогодишната прослава на 8-ми март на текстилната корпорација МЕРКЈУРИ имаше хуманитарен карактер. Сопственикот на корпорацијата одлучи собраните средства од лозовите кои се продаваа во организираната наградна игра за време на прославата да се дадат во хуманитарни цели. Лозовите се продаваа и на други текстилни конфекции кои соработуваат со текстилната корпорација МЕРКЈУРИ.
Собраните средства во износ од 86.960,00 денари, г-дин Димитрис Теодеридис сопственик на корпорацијата, одлучи да ги намени за активностите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Гевгелија. За таа цел, членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Гевгелија, го посетија погонот на конфекцијата при што г-дин Теодеридис и директорот г-дин Јанис Кјакос симболично го врачија вредносниот чек.
Претседателот на ЦПЛИП – ПОРАКА Гевгелија, Жоржина Глигорова, во името на целата организација, се заблагодари за хуманиот гест и посака понатамошен успех во работата на корпорацијата.