Во согласност со својата Програма за работа за 2013 година, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, од 2-ри до 6-ти септември 2013 година организираше и реализираше спортско рекреативни активности за корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА.
Како резултат на позитивните ефекти од спроведувањето на спортско – рекреативните активности во изминатите години, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, и во 2013 година предвиде во својата програма за работа организирање и реализирање на вакви манифестации.
The main goal of these sports and recreational activities is to promote a new form of inclusion of adolescents with intellectual disability in the society through sports and recreation and contribution in the development of the independent living skills for these persons. Also, these activities offer opportunities for improvement of the psychophysical condition of the beneficiaries with intellectual disability.
Спортско – рекреативни активности во 2013 година беа одржани во Струга, во Центарот за едукација и рекреација на кадри на Црвениот крст, во периодот од 2-ри до 6-ти септември 2013 година.
Во спортско – рекреативните активности беа вклучени адолесценти со интелектуална попреченост – корисници на дневните центри кои ги менаџира РЦПЛИП – ПОРАКА. Во спроведувањето на овие активности беа вклучени водичи на тимовите (персонал од дневните центри) и одговорни лица од РЦПЛИП – ПОРАКА.
Спортско-рекреативните активности обезбедуваат голем број различни можности: развој на чувството и духот за натпреварување меѓу адолесцентите со интелектуална попреченост; искуство да се биде дел од спортска екипа, притоа чувствувајќи го единството во екипата; мотивација за натпреварување и победа, но истовремено и искусување и справување со пораз во спортските игри.
Од друга страна, овие активности претставуваат добра можност за персоналот од дневните центри да поминува 24 часа заедно со корисниците на дневните центри овозможувајќи им да го разберат ритамот на живеење и однесувањето на секое лице со интелектуална попреченост. Понатаму, набљудувањето на корисниците во нова средина, без родителското влијание, им нуди на персоналот нови сознанија во однос на можните подобрувања во самостојноста и самодовербата меѓу корисниците и несебичната поддршка и пријателство меѓу нив самите, што не може да се увиди во текот на активностите во дневните центри. Уште повеќе, ваквите активности обезбедуваат можности за подобрување на вештините за одржување на личната хигиена, вештините за социјални интеракции итн.
The sports activities were divided in the following disciplines:
- Атлетика (натпревари во трчање и скок во далечина),
- Натпревари во мал фудбал,
- Натпревари во кошарка,
- Натпревари во тегнење јаже.
Рекреативниот дел од програмата опфати разни друштвени игри, цртање, како и забави со музика и танцување во вечерните часови. Во попладневните часови, на плажата со која располага Центарот за едукација на кадри на Црвен крст беа организирани рекреативни активности во вода. За некои од корисниците тоа претставуваше можност да ги усовршат своите пливачки вештини, а за дел од нив позитивно искуство да бидат на плажа со нивните врсници.
Може да се заклучи дека целите на спортско-рекреативните активности беа во целост реализирани. Корисниците на дневните центри беа активно вклучени во спортско-рекреативните содржини, персоналот од дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА имаше можност да увиди важни информации во однос на однесувањето на корисниците надвор од дневниот центар, што ќе биде од огромно значење за нивната понатамошна работа во рамките на индивидуалната работа со корисниците и подобрувањето на вештините за самостојно живеење.