Хуманоста на г-дин Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот Бучим, како еден од најголемите поддржувачи на работата на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш од бизнис секторот во нашата општина, повторно е докажана.
Овој пат г-дин Николов заедно со неговиот колега Драган Смилковски, директор на Исхрана во Рудникот Бучим, Радовиш ги посетија корисниците на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш и ја реализираа својата донација во финансиски средства собрани од свечениот чин на венчавање на Драган и Добрила Смилковски во Калишта Струга, како замена за подарок-цвеќе.
Оваа уникатна идеја на брачниот пар Смилковски е вредна за поздравување. Тие на својот ден на венчавање ја поддржале идејата на г-дин Николов да соберат средства за потребите на корисниците на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш, но истовремено и да ги почестат со една невестинска торта.
Упатуваме голема благодарност до нив од името на корисниците и нивите семејства!
Би сакале да се заблагодариме за уште една донација од раководниот тим на рудникот Бучим. Овој пат, на г-ѓа Татјана, раководител на одделот за лужење при рудникот Бучим, која на корисниците на дневниот центар им подари маици. Таа за првпат се запозна со работата на дневниот центар и беше одлично прифатена од страна на сите корисници благодарение на нејзиниот непосреден пристап кон нив.


