Истражувањето покажува дека постои споделено гледиште дека кризата има повеќестрано влијание бидејќи влијае врз долгорочните стратегии, годишните работни планови, како и операционалните програми во однос на обезбедувачите на сервисни служби за лица со попреченост.
Во јануари 2012, ЕАСПД направи анкета помеѓу своето членство за влијанието на финансиската и економска криза врз секторот за попреченост, особено во однос на обезбедувањето сервисни служби за лицата со попреченост.
Анкетата беше направена од организации членки на мрежата на ЕАСПД. Добиените одговори дадоа моќен доказ за големото негативно влијание од кризата. Анкетираните организации опфатија широка географска област, поточно 18 земји. Опфатени беа држави членки на ЕУ и соседни земји (Македонија, Молдавија, Норвешка), односно претставници од сите региони на Европа.
Организациите членки на ЕАСПД покажаа дека кризата влијае врз:
- Долгорочните стратегии за попреченост (59%);
- Годишните планови и програми во однос на попреченоста (69%);
- Операционалните програми во однос на обезбедувачите на сервисни служби за лица со попреченост (72%).
Значајни намалувања се забележани во јавниот буџет за социјални сервисни служби во 2011 година: до минус 80% во јавниот буџет, а што е наменето за сервисни служби на локално или регионално ниво (во 2011 наспроти 2010 година).
Сепак, треба да се забележи дека најголемиот број на испитаници забележале влијание на кризата врз долгорочните стратегии за попреченост. Таа бројка покажува дека важноста која владите ја даваат на прашањата околу попреченоста се намалува. Тоа сериозно ќе ги поткопа постоечките и планирани активности околу Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост и Стратегијата на ЕУ за попреченост.
ЕАСПД е убедена дека е потребна политичката агенда за заштита и развој на инклузијата, која ќе биде поддржана од високо квалитетни сервисни служби. Веруваме дека тоа е во согласност со пристапот за човекови права, а истовремено и позитивен придонес за финансиската криза. Тоа е двојна инвестиција. Поради тоа, ги повикуваме властите во ЕУ да ги користат своите статутарни надлежности со цел да го олеснат овој пристап.
ЕАСПД ги повикува креаторите на политики за поддршка на инфраструктурата за да се подготви нашата иднина и да се спречи повторна институционализација. ЕАСПД смета дека дадената помош во секторот за социјална грижа ќе помогне и на општеството и дека преку поддршката на секторот за социјална грижа ќе поттикне двократен одговор на кризата!
Повеќе информации се достапни на www.easpd.eu.