Активности на ЕАСПД Инклузивно образование

ЕАСПД повикува на пофлексибилни и конкретни акции во училиштата

Пандемијата со КОВИД-19 во голема мера влијае врз пристапот до инклузивно образование за деца со попреченост, па поради тоа, се зголемуваат веќе постоечките нееднаквости. На 10-ти март 2021 година, Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби (ЕАСПД) организираше вебинар за да се прегледа состојбата со образованието на децата со попреченост една година од пандемијата. Крајната порака беше јасна: КОВИД-19 дополнително ја демонстрираше потребата од мерки во инклузивното образование за деца со попреченост за да се намалат постојните и растечките нееднаквости во пристапот во текот на минатата година.

Во изминатата година, пандемијата со КОВИД-19 креираше нова реалност за европските општества, во сите нивни аспекти, вклучително и образованието. Пред една година, многу власти ги затворија училиштата, и учениците мораа да го продолжат нивното образование од дома. Промената во образованието од физичка присутност во онлајн преку дигиталните платформи и алатки за учење станаа новата реалност за учениците и наставниците. На вебинарот присуствуваа обезбедувачи на образовни сервисни служби, родителски организации и други чинители за да ја презентираат и да дискутираат за актуелната состојба во пристапот до образование, предизвиците за децата со попреченост и нивните семејства и улогата на сервисните служби за поддршка во овој непостојан контекст.

Доколку пандемијата влијаела врз образованието на сите ученици, таа имаше штетни последици врз пристапот на учениците со попреченост до образованието и до редовното образование. Дополнително, квалитетот на образование, и расположливоста и квалитетот на поддршка за децата со попреченост и семејствата беа ослабени.

Во Белгија, на пример, многу ученици со поголеми потреби од поддршка беа префрлени од редовно во посебно образование. Исто така, поради безбедносни мерки, персоналот мораше да го ограничи бројот на училишта каде се обезбедува поддршка. Во Финска, учениците не можеа да добијат посебна поддршка, поради намалување на квантитетот и квалитетот на наставата. Повторното отворање на наставата не значеше крај на потешкотиите бидејќи санитарните мерки можат да претставуваат бариери за децата со попреченост. Оваа ситуација имаше лошо влијание врз семејствата, при што семејствата требаше да им даваат потполна поддршка на своите деца, и во училишните активности, вклучително и во користењето на дигитална опрема, понекогаш во отсуство на сервисни служби за одмена на семејна грижа .

Наставата на далечина или дигитална настава потенцираше дека поддршката на малите деца со попреченост мора да помине низ поддршка и зајакнување на нивните семејства. Обезбедувачите на сервисни служби се клучни партнери во поддршка на семејствата и олеснувањето на пристапот до образование. Клучно е властите да делуваат во насока во која обезбедувачите на сервисни служби можат да ја олеснат инклузијата преку обезбедување средства, опрема и олеснувањето на пристапот до дигитални ресурси, како и нивниот капацитет да се прилагодат на овие нови предизвици.

Постојните нееднаквости се зголемија, особено за учениците со попреченост, со разлики во пристапот и квалитетот на образованието во зависност од географската област, училиштата, наставниците и семејствата. Во овој контекст, повеќе од кога и да е, ЕУ и националните политики мора да дадат приоритет на пристапот до инклузивно образование и да инвестираат во пристапноста на редовните училишта, платформи и алатки за дигитално образование, обука на наставници и во расположливоста на квалитетот и поддршката ориентирана кон лицето. Новата Стратегија за правата на лица со попреченост 2021 – 2030 е важна почетна точка и повикува на зголемена и подобрена соработка за национални реформи за инклузивно образование, и синергии помеѓу политиката и областите за финансирање.

Инклузијата мора да започне од раните фази на животот, и тоа со квалитетно инклузивно образование и грижа во раното детство (ОГРД). Новиот акционен план на Европскиот столб на социјални права предлага ревизија на целите од Барселона за 2030 година вклучувајќи и зголемување во обезбедувањето на ОГРД. Ова треба да оди заедно со претстојниот пакет алатки за инклузивно образование и грижа во раното детство и сет од распределени индикатори за мониторинг на инклузијата на децата со попреченост.

Уште треба да се работи на Европско ниво, со претстојната Гаранција за детето кој мора да ги поттикне напорите и одговорот на специфичните потреби на децата со попреченост преку промовирање на пристап до квалитетно ОГРД, обука на персоналот за инклузија на деца со попреченост, употребата на технологија, и соодветно финансирање на сервисните служби.

„Образованието е првиот елемент кој ја прави инклузијата реална за децата и возрасните лица со попреченост, и тоа мора да се случува во редовни опкружувања, поврзано со квалитетна поддршка на децата и нивните семејства. Ќе се стремиме да обезбедиме оваа криза да генерира силен одговор на исклучувањето на лицата со попреченост од образование“ заклучи Irene Bertana, од ЕАСПД.

Scroll to Top
Skip to content