Партнерски активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности во рамките на проектот „Интеркултурно учење за сите“
РЦПЛИП – ПОРАКА го организираше завршниот настан на проектот „Интеркултурно учење за сите“ на 27-ми септември 2023 година во Јавна соба, Скопје. На настанот учествуваа корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА со своите едукатори. Во текот на завршниот настан корисниците имаа можност да го презентираат стекнатото искуство од проектните активности. Преку однапред подготвени видео материјали од претходно одржаните работилници, презентации, како и останати материјали кои ги користеле во работилниците во своите дневни центри, корисниците имаа можност да го претстават сработеното во изминативе месеци.