Една од позначајните реализирани активности во рамките на Форумот за рана интервенција на ЕАСПД е одржаната онлајн работилница „Градење и зајакнување на интегрирани национални системи за интервенција во раното детство “, која беше модерирана од страна на д-р Василка Димоска, Генерален секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА. На 26-ти мај, Форумот за интервенција во раното детство на Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост и меѓународната асоцијација Чекор по чекор одржаа вебинар за градење и зајакнување на интегрирани национални системи за интервенција во раното детство (ИРД).
Главниот говорник беше Emily Vargas-Barón, директор на Институтот RISE, непрофитна организација основана за да обезбедува советодавни услуги за развојот во раното детство и политики за ИРД, да спроведува истражувања и да поддржува активности за обука и едукација, особено, но не и само, во земји во кои има конфликти или екстремна сиромаштија.
Првично, таа работела за УНЕСКО и Фондацијата ФОРД, а во 1979 ја основала една од првите големи сервисни служби за ИРД во САД. Последователно ги водела и програмите за едукација, обука и телекомуникации за УСАИД. Во 2001, го основала Институтот RISE и овозможувала поддршка на развојот на политики, стратешки планови, закони, програми и иницијативни за истражување во областа на ИРД и развојот во раното детство во многу земји во светот.
Emily Vargas-Barón презентираше неколку теми кои ќе ги вклучи во нејзината книга за развојот на ефективни национални системи за ИРД. Таа ја дефинира ИРД како состав на мултисекторски, интегрирани и трансдисциплинарни или интердисциплинарни сервисни служби кои ги поддржуваат семејствата во унапредувањето на развојот на нивните деца кои се во ризични ситуации, доцнат во развојот, имаат попреченост и потешкотии во однесувањето или менталното здравје, од раѓање до три или петгодишна возраст. Таа нагласи дека сервисните служби за ИРД се фокусирани на семејството наместо да се фокусирани на детето, и тие се и интегрирани и интердисциплинарни. Професионалците во ИРД ги обучуваат и насочуваат родителите во природната средина на детето, најчесто во домот. Сервисните служби за ИРД често вклучуваат и застапување за образовна и социјална инклузија на децата и нивните семејства, и тие бараат ефективно да преминат во сервиси за предучилишно и училишно образование.
Со цел да се развијат национални системи за ИРД, беа наведени 8 клучни елементи:
1. Воспоставување и признавање на цврста законска основа за ИРД: стратешки планови, акциски планови и/или закони, комбинирано со споменување во други усвоени документи за политика;
2. Развивање на нормативни насоки и процедури за ИРД кои вклучуваат суштински начела, сервисни служби и методи како и воспоставување сервисни служби, персонал и стандарди за извршување;
3. Усвојување на интегрирана организациска рамка и систем за водство за национален менаџмент на ИРД, координација, планирање и обезбедување на сервисни служби на општинско, регионално и централно ниво;
4. Развивање на интердисциплинарна работна сила за ИРД и систем за професионален развој кој опфаќа образовен план за пред и за време на услугата и широк опсег на активности;
5. Организирање на активности за подигнување на јавната свест, застапување за политики и информирање на заедницата;
6. Воспоставување на процеси во местото на живеење за скрининг на развојот, идентификување и упатување;
7. Создавање на интегриран менаџмент и систем за супервизија за да се постигне квалитет; и
8. Конфигурирање на систем за мултисекторски монито-ринг и евалуација за да се постигне целосна одговорност за програмата и да се спроведе континуирано планирање.
Првиот чекор во процесот на развивање на систем за ИРД е да се спроведе Анализа на состојбата во однос на ИРД на национално ниво, вклучително и анализа на статусот на децата и нивните семејства како и на сервисните служби што се обезбедуваат и што се потребни за децата и семејствата. Vargas-Barón ги презентираше последователните процеси кои се неопходни за развој и зајакнување на интегриран национален систем на ИРД. Таа исто така, ги потенцирање општите извори на финансирање за системи на ИРД и видо-ви на шеми за финансирање што се користат во многу земји.
Вебинарот беше првиот настан од проектот Lighthouse network на Форумот за Рана интервенција на ЕАСПД. Зголемувањето на знаењата на обезбедувачите на сервисни служби и јавните власти за тоа како да се создадат системи за ИРД кои добро ќе функционираат е значајна цел за ЕАСПД, бидејќи тоа може да ја спречи институционализацијата и да ги зголеми можностите за подобар развој и социјална инклузија на децата и семејствата.