Активности на ЕАСПД

Конференција на ЕАСПД „Кон инклузивно образование и ПОНАТАМУ“

Во периодот 5 – 7 мај се одржа конференцијата „Кон инклузивно образование и ПОНАТАМУ“ во организација на CECD Mira Sintra, Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост (ЕАСПД) и проектните партнери од BEYOND проектот.

Нашите модерни европски општества се карактери-зираат со разновидност: разновидност во социјалното потек-ло, во потекло, во јазик, во потенцијал. Оваа разновидност мора да ги опфати и прилагоди доколку сакаме да сакаме да создадеме инклузивни, кохезивни и стабилни општества кои можат да ги исполнат потребите на сите нивни граѓани.

Ваквата потреба, да се прифати разновидноста на граѓаните на Европа, се шири и во училиштата во Европа и мора да се прифати опсегот на разновидноста на потребите за поддршка на учениците за да се дозволи сите ученици да имаат успех. Европската унија ја прифати важноста и корисноста од развивањето на инклузивни средини за учење и својата визија за Европска област за образование, што треба да се постигне до 2025 година, е секој да има пристап до образование со висок квалитет. Скорешната Стратегија за правата на лица со попреченост 2021-2030 и Гаранција за детето дополнително ја зацврстија реализацијата на системите за инклузивно образование како право за сите деца со попреченост.

Пандемијата со КОВИД-19 и последователното затворање на училиштата низ Европа потенцираше дека потребно е повеќе работа доколку учениците со попреченост можат да уживаат во висококвалитетно образование.

Имајќи го ова на ум, во периодот од 5-ти до 7-ми мај 2021 година, ЕАСПД, CECD Mira Sintra и партнерите на проектот BEYOND ја организираа конференцијата „Кон инклузивно образование и ПОНАТАМУ“ за да се разговара за реализацијата на инклузивните можности за учење за сите лица со попреченост. Конференцијата ја истакна важноста на инклузивното образование како клучен чекор кон поинклузивни општества и ги повикаа ЕУ и земјите членки да се посветат на придвижување кон системи за инклузивно образование по пандемијата со КОВИД-19.

Конференцијата „Кон инклузивно образование и ПОНАТАМУ“ опфати клучни предизвици и можности со кои учениците се соочуваат во редовните училишта. Преку низа сесии со панели и работилници конференцијата навлезе во теми вклучително и потреби за обука на персоналот, улогата на обезбедувачите на сервисни служби во поддршка на инклузивното образование, дигитализација, инклузивни спортови, микро-акредитиви и доживотно учење.

Соединувајќи ги сите чинители од полето на образование, вклучувајќи ги и обезбедувачите на сервисни служби, ученици со попреченост, родители и наставници, професионалци во полето на образование и претставници на Европската унија, на конференцијата се идентификуваа клучните препораки за политики за постигнување на инклузивно образование. На конференцијата се споделија и иновативни практики за постигнување на оваа цел.

Португалскиот државен секретар за образование, João Costa, ја отвори конференцијата и нагласи дека сега е времето да се движи кон инклузивно образование, потенцирајќи дека инклузијата се однесува на човекови права и дека човековите права не можат да се стават на чекање.

Говорејќи за време на отворањето, Tony Booth, ко-автор на Индекс за инклузија, го сврте вниманието кон важноста на инклузивното образование во креирање на поодржливи заедници тврдејќи дека училиштата мора да ги рефлектираат нашите пошироки општества и да ги опфатат актуелните предизвици со кои се соочуваат заедниците.

На конференцијата присуствуваа над 300 учесници и се даде можност да се направи анализа на моменталната состојба за инклузивното образование во пандемијата со КОВИД-19. Како приоритет беше истак-нато дека треба да се даде поддршка на учениците, нивните семејства и училиштата во преминот назад во училница. Со зголеменото користење на технологијата во време на пандемијата со КОВИД-19, говорниците ја повторија важноста од обезбедување пристап до ресурси и технологија што им се потребни на наставниците и на учениците. Пристапот до овие ресурси мора да биде проследен со соодветна обука за да може да се искористи до максимум потенцијалот на дигиталните алатки за поддршка на инклузијата.

Конференцијата се одржа во рамките на Еразмус+ проектот „Кон инклузивно образование и ПОНАТАМУ“ кој има за цел да ги зајакне посебните училишта и обезбедувачите на сервисни служби кои овозможуваат поддршка на деца со попреченост, за да се олесни преминот кон целосно инклузивни образовни системи. Ваквите сервисни служби во полето на образование имаат клучна улога и во преминот назад во училницата и во придвижувањето кон поинклузивно образование.

На конференцијата беше прикажана улогата на сервисите за поддршка во создавање на инклузивни средини за учење, при што овие сервисни служби работат заедно со наставници, ученици, семејства и други професионалци, не само да учат заедно со своите врсници, туку и да уживаат во сите аспекти на училишниот живот, како што се спортот, уметноста или културните активности.

Земјите членки на ЕУ не можат да ја игнорираат нивната законска обврска за имплементација на инклузивно образование која произлегува од ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост. Потребна е значајна промена во системот  за да се олесни преминот. Заедно со пристапот до соодветни ресурси и надворешна поддршка, обуката за инклузивно образование мора да биде во центарот на планот за обука на наставниците и мора да се инвестира во механизми за финансирање во инклузивни, наместо сегрегирачки училишни системи.

На конференцијата беше нагласено дека образованието и обуката се витални чекори за инклузивни можности за вработување и за целосно учество на лицата со попреченост во нивните заедници во текот на нивниот живот. Сепак, образованието не е првиот чекор на патот кон инклузија и обезбедување на поддршка во раното детство, а грижата е неопходна за да им се овозможи на децата со попреченост да напредуваат од самиот почеток.

И покрај тоа што образованието е надлежност на земјите членки на ЕУ, Европската унија сè уште има клучна улога во поддршката во развојот на системи за инклузивно образование. „Европската унија ја објави својата заложба за создавање поинклузивни образовни системи преку Европската област за образование, Европската стратегија за правата на лица со попреченост и Гаранцијата на детето“ рече Luk Zelderloo, Генерален секретар на ЕАСПД. Тој продолжи: „користејќи ги Европскиот семестар, Буџетот на ЕУ и Отворениот метод на координација, ЕУ има низа алатки на свое располагање за да ја следи состојбата со инклузивното образование, да обезбедува можности за финансирање за инклузија и да ги поддржува земјите членки во размена на предложени практики и најнови иновации во полето.“

Во рамките на конференцијата беа одржани состаноци на форумите на ЕАСПД, како и седници на Управниот одбор и Генералното собрание. Генералниот секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА, д-р Василка Димоска како претседавач на Форумот на ЕАСПД за рана интервенција, претседаваше со онлајн состаноците и ги координираше активностите на овој форум, а заедно со програмскиот менаџер, м-р Владо Крстовски, учествуваа во работата на Форумот за инклузивно живеење.

Следејќи ги придонесите на учесниците на конференцијата, ЕАСПД ќе се надогради на својата Декларација од Салцбург од 2015 година, за да развие нови препораки за креаторите на политики и локалните чинители во полето на образование.

Scroll to Top
Skip to content