Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА

Изложба на графики изработени од лица со интелектуална попреченост “Ликот на нашиот свет”

Факултетот за ликовна уметност – Отсек Графика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА имаат воспоставено долгогодишна успешна соработка.
Како резултат на оваа соработка, беше организирана изложба на графики изработена од корисниците на дневните центри – ПОРАКА Скопје со поддршка на студенти и професори од овој факултет. Темата на изложбата беше „Ликот на нашиот свет”, а истата беше завршница на спроведените заеднички работилници на корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје со студентите и професорите од Факултетот за ликовна уметност – Отсек Графика, кои се одвиваа еднаш неделно во текот на првата половина од 2016 година.

Целта на поставувањето на оваа изложба е да се презентираат и да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Тоа воедно придонесува и за директно влијание во разбивањето на предрасудите што постојано ги следат овие лица.

Официјалното отворање на изложбата беше на 10.05.2016 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Факултетот за ликовни уметности, во Сули ан – Стара чаршија. На отворањето присуствуваа соработници на РЦПЛИП – ПОРАКА и Факултетот за ликовни уметности, корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА и нивни родители, како и заинтересирани граѓани.
Изложбата беше отворена во периодот од 10.05. до 13.05.2016 година.

Scroll to Top
Skip to content