Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА и Театар ПИ

Театарски мултимедијален перформанс ОКСИГЕН

РЦПЛИП – ПОРАКА во текот на 2018 година, во соработка со членовите на Театар Пи, Златко Митрески и Македонка Илиевска работеа на подготовка на мултимедијалниот проект „ОКСИГЕН”, во кој сите актери се лица со интелектуална попреченост – корисници на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје.

„ОКСИГЕН” премиерно е одигран во НГМ Мала станица – Скопје на 08.12.2018 година, а во него низ серија на специфични актерски техники и процес на импровизација, се истражуваа можностите за создавање на театар со слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост. „ОКСИГЕН” е четврт заеднички проект на Театар Пи со РЦПЛИП – ПОРАКА во кој повторно акцентот се става на способноста на лицата со интелектуална попреченост да бидат изведувачи – перформери и ангажирано, низ говорот на телото на сцена, да споделат со публиката еден интимен театарски чин.
Режијата и видео мапингот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска. Камерман е Гаврило Мило-вановиќ. На фагот свири Јован Витанов.
Проектот беше финансиран од Град Скопје, а поддржан од НГМ Мала станица и Сара Фешн.

Scroll to Top
Skip to content