Активности на ЦПЛИП – ПОРАКА Битола

Настан “Под ова небо исти сме”

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Битола организираше настан „Под ова небо исти сме” кој се одржа на 12.5.2018 во соработка со Меѓународниот Славјански универзитет „Г.Р. Державин” и здружението „Цивитас” од Штип. Учесници беа корисниците на социјалните клубови во ЦПЛИП – ПОРАКА Битола, ЦПЛИП – ПОРАКА Штип и ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп, како и ученици од училиштето за оштетен слух и говор „Кочо Рацин” од Битола.

Настанот беше поделен во два дела. Во првиот дел беше организирана работилница од страна на професорите, асистентите и студентите од факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г .Р. Державин” заедно со лицата со интелектуална попреченост на која се правеа рачни изработки. Во вториот дел беше организирана изложба на дела во арапска техника на Верче Андонова, член на ЦПЛИП – ПОРАКА Штип. Исто така, беа изложени и ракотворби од трите социјални клубови, кои се изработувале во текот на изминатата година. На изложбата беа поканети и присуствуваа локалните медиуми, средни и основни училишта Во Битола, како и невладини организации.

Дружбата од сите три социјални клубови продолжи во Зоолошката градина, каде што корисниците беа воодушевени од разновидните диви и домашни животни.
Крајот го заокружи посетата на древниот град Хераклеа Линкестис кој што го основал Филип II Македонски. Со помош на водич предводен од Завод и Музеј на град Битола, беше раскажана целата историја околу настанувањето на овој град.

Scroll to Top
Skip to content