ЦПЛИП – ПОРАКА Радовиш е дел од проектот „Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со попреченост во Југоисточниот плански регион“ кој се имплементира во рамки на поголем проект насловен „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Во рамките на проектот, за потребите на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш беше набавена опрема за работна окупација на корисниците: опрема за сито печат за печатење на маици, грнчарско колце, работни материјали за сликање и боење, како и трицикл, статичен кош и други реквизити.
Дополнително, дел од родителите на корисници и волонтери во дневниот центар – ПОРАКА Радовиш поминаа обука за употребување на доделената опрема, за да можат во следниот период да работат заедно со корисниците.