Градоначалникот Трајновски го посети Дневниот центар – ПОРАКА Скопје

По повод Новогодишните празници, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 24-ти декември 2010година, го посети Дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје. Гости на овој центар беа и учениците на Музичко балетскиот училишен центар “Илија Николовски – Луј”, насока за традиционална музика и игра коишто имаа интерактивен настап со членовите на овој Дневен Центар, и воедно ги запознаа со традиционалните инструменти и игри.

– Во оваа пригода Ви пожелувам среќни Новогодишни и Божиќни празници и Новата 2011 година да Ви биде исполнета со многу среќа, љубов и убави моменти, рече градоначалникот Трајановски.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје е граѓанска, родителска, невладина организација којашто ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост.

Центарот располага со сопствен простор од 210м2, а просториите се соодветно адаптирани со целосна техничка опременост за реализација на програмските активности. Дневниот центар работи секој работен ден, од 07:00 часот до 16:30, и во него се опфаќаат 40 лица со интелектуална попреченост, што е и максималниот капацитет на сервисната служба што се наоѓа во населбата Аеродром.

Градоначалникот Трајановски, гостите и членовите на Дневниот центар – ПОРАКА Скопје на денешната средба се почестија со новогодишната торта што е подарок од Градот.

Градот Скопје веќе трета година по ред финансиски го поддржува Дневниот центар – ПОРАКА и на тој начин обезбедува континуитет во неговото функционирање што е особено важно за социјализација и интеграција на лицата над 18 години со умерена и тешка интелектуална попречнеост во местото на живеење.

превземено од www.skopje.gov.mk

Scroll to Top
Skip to content