“Градот и попреченоста – креирање на локални акциони планови за попреченост”

Реализирани обуките во општина Радовиш

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во периодот септември – декември 2010 година продолжи со реализација на активности за креирање на локален акционен план за попреченост во општина Радовиш.

Во досегашниот тек на програмата, реализирана е фазата за обука на работната група која ќе го изготвува локалниот акционен план, преку три семинари.

Преку обуките, членовите на работната група се стекнаа со знаења од повеќе области поврзани со правата на лицата со попреченост, вклучувајќи:

  • локален акционен план како инструмент за изедначување на можностите за лицата со попреченост; основни концепти (дефиниции, медицински и социјален модел, човекови права и сервисни служби);
  • меѓународни и домашни правни инструменти (законски рамки, стратегии, состојби и системи на грижа и заштита); АГЕНДА 22 – инструмент за креирање на локални акциони планови и искуства од други земји;
  • социјални сервисни служби и регулаторни механизми;
  • децентрализација и форми на соработка на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор; идентификување на потреби и ресурси во локалната заедница; раководење со проектни циклуси и односи со медиуми.

Во следната фаза на програмата во општина Радовиш ќе бидат одржани неколку работилници, каде членовите на работната група директно ќе работат на креирање на локалниот акционен план.

Scroll to Top
Skip to content