Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА

Дваесет годишно јубилејно постоење и работа на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш

Дневниот центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш на 2-ри ноември одбележа 20-годишно јубилејно постоење и работа. Во присуство на пријатели и поддржувачи од чинителите на локално ниво, се потсетивме на почетоците и изодениот пат за да се стаса до денешниот современ дневен центар.

„Почетоците беа тешки, започнавме во стара барака и немавме доби услови за работа. Но, благодарение на поддршката од Општина Радовиш ја добивме оваа зграда, која заедно со РЦПЛИП – ПОРАКА и нашите поддржувачи ја претворивме во она што е денес, еден прекрасен дневен центар со сите услови за работа“, рече Татјана Костадинова, вработено лице во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш.

По повод 20-годишното постоење на дневниот центар свое обраќање имаа и Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, и поранешниот управител на рудникот Бучим, Николајчо Николов. Во името на двата рудници Бучим и Боров Дол, честитки за јубилејот посака и прес-секретарот, Кристина Крстева, која нагласи дека, како и досега, така и годинава продолжува поддршката на дневниот центар преку донација средства за целосна реконструкција на фасадата на зградата, со хидроизолација за заштита од влага.

Благодарност во вид на Повелба која е поставена во дневниот центар и беше посветена на г-ѓа Виолета Димоска како идеен творец на социјалните сервисни служби, дневни центри и социјални клубови, кои функционираат во мрежата на РЦПЛИП – ПОРАКА.

Scroll to Top
Skip to content