На 18.03.2016 година, корисниците на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Капиштец – Скопје беа посетени од претставници на Друштвото за информатичка технологија СЕАВУС – Скопје. Повод за посетата беше донацијата која СЕАВУС ја обезбеди за потребите на дневни центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Аеродром и Капиштец.
Донацијата е наменета за поддршка на програмските активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА и се состои од непарична донација – добра: маса за пинг-понг со соодветни реквизити и поголема количина прехранбени продукти, а вкупната вредност на донацијата изнесува 37.620,00 денари. Масата за пинг-понг ќе се користи за спроведување на спортски активности и рекреација во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во населба Капиштец, а прехранбените продукти ќе се користат за обука за самостојно подготвување на оброци од страна на корисниците на двата дневни центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Аеродром и Капиштец.
Упатуваме голема благодарност до СЕАВУС за донацијата, но и за нивната развиена општествена одговорност и свест за потребите и правата на лицата со интелектуална попреченост.