На 15.01.2016 година, корисниците на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Аеродром – Скопје беа посетени од претставници на Ernest Young Македонија.
Повод за посетата беше донацијата која Ernest Young Македонија ја обезбеди за потребите на дневни центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Аеродром и Капиштец.
Донацијата е во вид на прехранбени продукти кои ќе се користат за обука за самостојно подготвување на оброци од страна на корисниците на двата дневни центри, а вкупната вредност на донацијата изнесува 14.645,00 денари.
Упатуваме голема благодарност до Ernest Young Македонија за донацијата, но и за нивната развиена општествена одговорност и свест за потребите и правата на лицата со интелектуална попреченост. Се надеваме дека воспоставената соработка ќе продолжи во иднина, на обострано задоволство.