Во рамките на онлајн конференцијата „Уметноста на инклузијата – Попреченоста и различноста во уметноста и културата“, на 16 октомври 2020, Генералното собрание на ЕАСПД изврши избор на телата и органите на ЕАСПД за следниот мандатен период од 4 години, според новиот статут и правила на функционирање на ЕАСПД.
Генералниот секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА, д-р Василка Димоска беше повторно избрана за член на Управниот одбор на ЕАСПД и претседавач на Форумот на ЕАСПД за рана интервенција.
Изборот на д-р Димоска е големо признание за нејзината досегашна работа, како и основа за понатамошна продлабочена соработка на РЦПЛИП – ПОРАКА на европско ниво.