ЕАСПД Конференција во Молдавија

Раната интервенција треба да стане алатка за инклузија

Од 21-ви до 22-ри април 2016, Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост, ја организираше својата годишна крос-секторска конференција „Да растеме заедно: од локални иницијативи до национални стратегии за рана интервенција”. Над 200 делегати ги споделија своите гледишта во однос на состојбата со сервисни служби за рана интервенција во Европа. Дополнително, официјално беше означен почетокот на истражување преку Зеро Проект анализа при што се презентираа осум иновативни практики за сервисни служби за рана интервенција.

Програмите и сервисите за рана интервенција се наменети да даваат поддршка на деца кои се во ризик или кај кои е идентификувано дека имаат задоцнувања во развојот и на нивните семејства. Земајќи ја предвид важноста на овој период од животот за секој човек, суштински е да се обезбеди пристап до интервенции кои можат да дадат поддршка на децата да го постигнат нивниот целосен потенцијал. Доколку не е така, децата и нивните семејства често пати се соочуваат со доживотни последици, како што се физички и психолошки, но и со сиромаштија, исклучување, стигма, дискриминација и институционализација.

Говорејќи на почетниот панел, Franz Wolfmayr, претседател на ЕАСПД, ја истакна важноста од поддршка за децата и нивните семејства уште од најрана фаза. Тој исто така потсети дека сервисите за рана интервенција можат да дадат значаен придонес во постигнувањето на инклузивен раст во Европа, во согласност со Европската стратегија 2020.

Virginia Rucnac од Министерството за образование на Молдавија ја признава важноста од раната интервенција како предуслов за инклузија. Таа ја спомена новата 2013 регулатива за правото на образование за секое дете како последователна и неопходна пресвртница во политичката рамка за детските права. Според министерството, над 9.000 деца со попреченост во Молдавија се вклучени во општиот образовен систем.
Ana Serrano од EyrlyAid истакна дека семејствата треба да бидат во центарот на сервисите за рана интервенција и треба да бидат основата за вистински почеток. Оваа изјава беше потврдена од Silvia Apostol од шведската организација за индивидуална поддршка. Таа нагласи дека сервисите за рана интервенција треба да се насочени кон зајакнување на семејствата преку работа во партнерство и преку обезбедување на квалитетен живот на поединците во нашите општества. Parascovia Munteamu од Сојуз на организации на лица со попреченост во Молдавија АОПД нагласи дека раната интервенција треба да ги гледа децата како деца, не како пациенти.
Главниот говорник (воведничар) Emily – Vargas Baron од Rise Institute ја потенцираше потребата од добро обучен кадар во сервисите за рана интервенција.
За време на конференцијата имаше општа согласност дека квалитетот на раната интервенција зависи од неколку аспекти, како што се примена на холистички пристап, започнување од најрана возраст, семејствата да се вклучени во работата на сервисите, воспоставување на соработка внатре (интердисциплинарно) и надвор (вмрежување со други чинители како што се училишта); обезбедување на континуитет и квалификации за професионалците.

Поврзани вести, достапни на www.easpd.eu
– ЕАСПД и Зеро Проектот го здружија силите за развивање на истражување и размена на знаења
– Интервју во Молдавија: Значајни празнини во ресурсите постојат во повеќето земји и тоа треба брзо да се решава
– Неколку размислувања од локалниот организатор на годишната конференција на ЕАСПД: Да растеме заедно
– Краток вовед во концептот на раната интервенција
– Запознајте ги говорниците на конференцијата на ЕАСПД

Белешка за уредниците
ЕАСПД е непрофитна европска чадор организација, формирана во 1996 година, а во моментот претставува над 12.000 социјални и здравствени сервисни служби за лица со попреченост. ЕАСПД се залага за високо квалитетни сервиси поврзани со попреченоста во полето на образование, вработување и индивидуализирана поддршка, во согласност со начелата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, што можат да донесат бенефит не само за лицата со попреченост туку и за општеството како целина.
Годишната конференција на ЕАСПД „Да растеме заедно” беше организирана во партнерство со Сојузот на организации за лица со попреченост од Молдавија, EurlyAid, Zero Project, Австриското федерално министерство за труд, социјална работа и заштита на потрошувачи, УНИЦЕФ Молдавија, СОИР Молдавија и Европската инклузија.

Scroll to Top
Skip to content