Зајакнување на капацитети на обезбедувачите на сервисни служби

Одржана работилници за пет модули во циклусот на обуки „Disability Leaders of Tomorrow“

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, во соработка со Репбуличкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, во изминатитот период одржа пет работилници во циклусот на обуки во рамките на меѓународниот проект „Disability Leaders of Tomorrow“ на ЕАСПД – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост. Проектот има за цел јакнење на капацитетите на обезбедувачите на сервисни служби за лица со попреченост во промовирањето и координирањето на реални и одржливи промени во обезбедувањето на сервисни служби во 15 земји од Југоисточна Европа.

Во Македонија, во циклусот на обуки учествуваа кандидати од 15 различни организации – обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост, кои поминаа низ интензивен процес на обука со цел да се стекнат со соодветни знаења и искуства за новините, предизвиците и можностите за унапредување на состојбите во целокупниот процес на обезбедување на сервисни служби за поддршка на лица со попреченост.

Секоја од петте работилници беше посветена на посебен модул од онлајн курсевите:
• Модул 1 „Човекови права и сервисни служби за лица со попреченост: Конвенцијата на Обединети нации за правата на лица со попреченост и Европскиот правен контекст“
• Модул 2 „Развој на социјалните сервисни служби и социјалните политики во Европа“
• Модул 3 „Планирање на инклузивни заедници“
• Модул 4 „Развивање на квалитетни сервисни служби за попреченост“
• Модул 5 „Кон персонализирани сервисни служби за лица со попреченост“

Во интерактивна атмосфера на работилниците, покрај новите сознанија, кандидатите имаа можност да дискутираат и да ги споделуваат своите искуства, како и заеднички да подготват задачи – есеи за секој од модулите. Исто така, секој од кандидатите полагаше уште дополнителни пет, односно вкупно десет модули на оналајн платформата www.dlot.eu.

Циклусот на обуки во Македонија ги спроведоа Др. Василка Димоска од РЦПЛИП – ПОРАКА (ментор во првата фаза на обука) и Владо Крстовски од ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје (кандидат во првата фаза и ментор во втората фаза на обука).

Проектот „Disability Leaders of Tomorrow“ е имплементиран од страна на ЕАСПД – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост, а РЦПЛИП – ПОРАКА е партенрска организација во Македонија. Повеќе информации се достапни на www.easpd.eu, www.dlot.eu и www.poraka.org.mk.

Scroll to Top
Skip to content