Европската унија ја ратификуваше Конвенцијата на Обединети нации за правата на лица со попреченост
На 23 декември 2010 година, Европската унија ја ратификуваше Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, што претставува прв пат Европската унија да стане потписник на меѓународен договор за човекови права. Уште позначајно е што Европската унија е првата меѓународна организација што формално станува потписник на конвенцијата на ОН. За Европската унија тоа значи обезбедување дека сите закони, политики и програми на ниво на ЕУ се во согласност со одредбите на Конвенцијата во однос на правата за лицата со попреченост во рамките на надлежностите на ЕУ. Тоа е првиот договор за човекови права што го ратификува Европската унија во целина. Веќе беше потпишан од сите 27 држави членки, а е ратификуван од 17. Конвенцијата се стреми да обезбеди дека лицата со попреченост ги уживаат своите права на еднаква основа со сите други граѓани.
Министерот за правда на ЕУ ратификацијата ја опиша како “пресвртница во историјата на човековите права”, и се заблагодари на Белгиското претседателство со Европската унија за помошта при процесот на ратификација. “Конвенцијата на ОН ги унапредува и заштитува човековите права и основните слободи на лицата со попреченост. Во ноември комисијата ја претстави Стратегијата за попреченост на ЕУ за следните десет години: конкретни мерки со конкретни временски рамки за имплементирање на Конвенцијата на ОН”, рече Рединг. “Сега ги повикувам сите останати држави членки кои се уште не ја ратификувале Конвенцијата, тоа да го сторат во најскоро време. Наша заедничка одговорност е да осигураме дека лицата со попреченост не се соочуваат со дополнителни пречки во нивниот секојдневен живот”.
Движењето за попреченост ја поздравува историската ратификација
Ова претставува голема промена во политиката кон применување на човековите права за сите Европејци и ставање на попреченоста на врвот од агендата за човекови права. Јанис Вардакастанис, Претседател на Европскиот форум за попреченост, нагласи: “Европската унија не само што направи голем чекор во својата историја, туку и испраќа позитивен сигнал до државите членки кои се уште не ја ратификувале Конвенцијата: сега е време да се обврземе за правата на лицата со попреченост.” Во Европската унија, повеќе од 80 милиони лица имаат попреченост, претставувајќи 15% од жителите од 27-те земји. 11 од 27-те држави членки треба да го ратификуваат договорот. Движењето за попреченост ја признава клучната улога на Белгиското Претседателство кое се обврза на ратификација на Конвенцијата на ОН и успеа во тоа.
ЕАСПД го поздравува овој значаен политички чекор кон поголема еднаквост за лицата со попреченост во Европа овозможен преку високо квалитетни системи и сервиси за поддршка.
“Ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост од страна на ЕУ претставува позитивен знак за секторот на попреченост и социјалните и здравствените сервисни служби. Јасно ја покажува политичката волја и посветеност на Европската унија да обезбеди целосно уживање на човековите права на лицата со попреченост”, рече Лук Зелдерло, генерален секретар на ЕАСПД. “Оваа јасна заложба на Европската унија сигурно ќе ги поттикне оние држави членки кои се уште не ја ратификувале Конвенцијата на ОН да ги преземат потребните чекори. Понатаму, усогласувањето на Европското законодавство и полити-ките со Конвенцијата на ОН, како на пример легислатива-та за Државна помош и Јавни набавки или програмите за структурните фондови, треба да им помогнат на државите членки правилно да го имплементираат овој инструмент за човекови права. Исто така, ќе им помогне на европските институции да ги гарантираат еднаквите можности за сите и целосна пристапност на нивните тела, инфраструктура и информации.”
Следните чекори за да се обезбеди успехот на имплементацијата
Прво, Конвенцијата на ОН вели дека секоја држава потписничка на Конвенцијата треба да воспостави главна точка за координација на имплементацијата. На Европско ниво, конкретна акција за која повикуваат активистите за човекови права како следен чекор е назначување на канцеларијата на Генералниот секретар на Европската комисија за да се осигура дека попреченоста е вклучена во сите редовни текови. Европското движење за попреченост го повикува новодојденото Унгарско претседателство активно да работи на имплементација во првите месеци од 2011 година. Овој потребен чекор ќе ги подобри животите на милиони европски граѓани со попреченост. Второ, Европското движење за попреченост ја нагласува важноста од вклучување на граѓанските организации во имплементацијата на договорот. Конвенцијата стапи на сила на 22 јануари.
Како ги обврзува државите членки и ЕУ?
Сите институции на Европската унија сега ќе треба да ги вклучат вредностите на Конвенцијата во сите политики кои се во нивна надлежност обезбедувајќи вклучување на попреченоста во редовните текови: од транспорт до вработување и од информатички и комуникациски технологии до развојна соработка. Исто така подразбира дека ќе треба да ја прилагодат пристапноста на нивните згради, нивната политика за вработување и комуникација.
Девет суштински меѓу народни инструменти за човекови права
Постојат девет суштински меѓународни договори за човекови права на ниво на ОН. Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост која стапи на сила во мај 2008 година, е првата Конвенција на Обединетите нации која специфично е поврзана со правата на лицата со попреченост; таа стана реалност во голема мера поради активната мобилизација на оние кои учествуваа во преговарањето за текстот. За ЕДФ, тоа претставува историско постигнување во борбата против кршењата на човековите права на лицата со попреченост.
10 од 27 држави членки на ЕУ треба да ја ратификуваат Конвенцијата. Тоа се Бугарија, Кипар, Естонија, Финска, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија и Полска (иако сите ја потпишаа). Помеѓу европските земји кои бараат членство во ЕУ, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Турција ја ратификуваа Конвенцијата, додека Албанија, Македонија, Исланд и Косово се уште не ја ратификувале.
Ова е само почеток
Додека го поздравуваме ратификувањето на Конвенцијата од страна на Европската унија, како почеток на нови врски помеѓу Европската унија и Обединетите нации, ЕДФ ги изразува следните загрижености:
“Жалиме за усвоената резерва од страна на Советот да го исклучи вработувањето на лицата со попреченост во вооружените сили од делокругот на Конвенцијата. Ги повикуваме другите држави потпис-нички од целиот свет да се спротивстават на оваа резерва со цел да се избегне поставување на ризичен преседан низ целиот свет,” нагласи Доната Виванти, заменик претседател на ЕДФ.
Доцнењето во процедурата за приклучување на ЕУ кон Опциониот протокол е штетно за граѓаните. Согласно на овој текст Европските жители можат да ги бараат своите права според Конвенцијата доколку тие не се дозволени од страна на националните судови. Ова доцнење, исто така значи дека Комитетот на ОН може се уште да не иницира процедури за истрага во Европа во однос на кршење на правата на лицата со попреченост. ЕДФ сака да се осигура дека следното претседателство со ЕУ ќе работи на ратификување на Опциониот протокол.
Досега, Конвенцијата за правата на лица со попреченост ја потпишале 147 држави, а ја ратификувале 99 држави. Опциониот протокол на Конвенцијата за правата на лица со попреченост го потпишале 90 држави, а го ратификувале 61 држави.
Република Македонија останува последна земја во регионот која сеуште ги нема ратификувано Конвенцијата за правата на лица со попреченост и нејзиниот Опционен протокол.
Извадок од говорот на Минис-терот за надворешни работи на РМ, г-дин Антонио Милошоски, на 16-тата Сесија на Советот за човекови права при Обединети нации.
“ …. Г-дин заседавач, Дами и Господа,
На крајот, но не и помалку значајно, би сакал да ве информирам дека Република Македонија ја претстави својата кандидатура за место во Советот за човекови права во мандатот 2013 – 2016 година.
Нашите главни приоритети за промоција и заштита на човековите права на меѓународно ниво се: понатамошно унапредување и развој на меѓународните норми за човекови права, како една од централните активности во рамките на
Обединетите нации; придонес за промоција на човековите права во целиот свет преку поддршка на иницијативи за усвојување на документи кои се однесуваат на унапредувањето на човековите права и слободи на најранливите категории; унапредување на правата на жените; унапредување на правата на детето и зголемена соработка со сите механизми за човекови права на Обединетите нации.
Република Македонија е потписничка на сите главни меѓународни инструменти за човекови права. Во 2011 година, Република Македонија ќе ја ратификува Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост и Опциониот протокол на Конвенцијата, како и Конвенцијата на ОН за заштита од сите облици на присилно исчезнување. …”