Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, согласно упатствата од Град Скопје, започна со постапката за прибирање на потребна документација од своите членови за повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето на Град Скопје за 2015 година. Постапката ќе трае до 18 ноември 2015 година.
За начинот, условите и потребните документи за остварување на ова право, Ве молиме јавете се на 2451-008.