Извештај на ЕАСПД во однос на вклучувањето на корисниците на социјални сервисни служби

Извештајот “Вклучување на корисниците на социјални сервисни служби: инспирирачки пристапи за промоција на учеството на лицата со попреченост” е издаден од ЕАСПД. Оваа публикација истакнува дека учеството на лицата со попреченост во циклусот на обезбедување сервисни служби претставува клучен фактор за успех во обезбедувањето на социјални сервисни служби со висок квалитет. Овој документ го одразува системскиот придонес на ЕАСПД кон истражувањата во ова поле и се стреми да ги промовира и да се фокусира на системите развиени од страна на членките на ЕАСПД со цел лицата со попреченост да се вклучат во раководењето и развојот на сервисните служби. Тоа претставува надополнување на нивната вклученост во општеството.

ЕАСПД верува дека организациите кои обезбедуваат сервисни служби треба да служат за пример, да го охрабруваат општеството да го промовира ова учество.
“Потребно е обезбедувачите на сервисни служби да ја признаат улогата на лицата со попреченост и системски да го промовираат нивното активно учество во развојот, пружањето и евалуацијата на сервисните служби чии корисници се самите тие” вели Franz Wolfmayr, претседател на ЕАСПД.

Документот започнува со споредбена анализа на најрелевантните европски и меѓународни правни инструменти, со особен фокус на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и на Европската стратегија за попреченост 2010 – 2020.

“Специјализираните сервисни служби не се структурно интегрирани во имплементацијата на Европската стратегија за попреченост 2010 – 2020, тоа е пропуштена можност за промоција на правата на лицата со попреченост. Благодарение на улогата која ја имаат во општеството, обезбедувачите на сервисни служби можат ефективно да придонесуваат за инклузијата на лицата со попреченост преку јасна, ефективна и стратешка соработка со институциите на Европската унија” вели Luk Zelderloo, Генерален секретар на ЕАСПД.

Веруваме дека обезбедувачите на сервисни служби имаат суштинска улога како клучни партнери во промоцијата на сеопфатно учество на корисниците, инклузијата на лицата со попреченост мора да стане норма во обезбедувањето на сервисни служби. Нашата желба е да се спречи и да се избегне постоечкиот јаз во перспективата помеѓу меѓународните договори и реалноста.

Примерите претставени во овој документ имаат за цел да покажат дека лесно можат да се постават многу од процедурите. Во тој поглед, сервисните служби можат да учат едни од други, а иновативните пристапи можат да се промовираат преку соработка и мрежно работење.

РЦПЛИП – ПОРАКА го преведе извештајот “Вклучување на корисниците на социјални сервисни служби: инспирирачки пристапи за промоција на учеството на лицата со попреченост” на македонски јазик и истиот ќе биде достапен на www.easpd.eu и www.poraka.org.mk.

Scroll to Top
Skip to content