По повод 3-ти декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, во соработка и со поддршка од Факултетот за ликовна уметност, ќе постави изложба на ракотворби и изработки од корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје.
Целта на изложбата е да се презентираат и истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Изложбата ќе биде поставена во Факултетот за ликовна уметност, во Сули Ан – Стара чаршија во Скопје, во периодот од 24 ноември до 5 декември 2014 година.
Официјалното отворање на изложбата ќе се одржи на 24 ноември 2014 година (понеделник) во 12:00 часот во Факултетот за ликовна уметност, во Сули Ан – Стара чаршија во Скопје.