Фондот за Западен Балкан (WBF), со поддршка на ЕУ, го поддржа проектот на Здружението „На пола пат“ под името „Интеркултурно учење за сите“, (“Intercultural Learning for All”) кој ќе се реализира во периодот од јануари до септември 2023 година.
Партнери во проектот се Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА од Република Северна Македонија и СУМЕРО од Босна и Херцеговина.
Проектот „Интеркултурно учење за сите“ опфаќа едукација на лица со интелектуална попреченост од областите на интеркултуралноста, различности во културните, верските и националните обележја, како и промоција на добрососедските односи помеѓу Србија, Македонија и БиХ.
Во текот на проектот предвидена е изработка на Прирачник кој ќе овозможи да се мултиплицираат проектните активности и во други организации, како во Србија така и во земјите на поранешна Југославија.