Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лица со попреченост влезе во сила

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лица со попреченост влезе во сила на 3-ти мај 2008 година, одбележувајќи нова ера во напорите за заштита на правата на 650 милиони лица со попреченост во светот.

Конвенцијата, првиот нов договор за човекови права во 21-от век, беше потпишан од страна на 127 земји започнувајќи од 30-ти март 2007 година до 3-ти април 2008 година, а ратификувана од 25 земји. Беше потребно 20 земји да ја ратификуваат Конвенцијата, пред таа да може да влезе во сила. Јамајка беше првата земја која ја рати-фикуваше конвенцијата, а на 3-ти април ја ратификуваше и Еквадор со што се обезбедија доволен број на потписнички за Конвенцијата да влезе во сила.

Паралелно со Конвенцијата, и Опцијалниот протокол со кој ќе се овозможува индивидуи и групи да поднесуваат жалби влезе во сила на 3-ти мај 2008 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ја нарече Конвенцијата “моќно средство за искоренување на пречките со кои се соочуваат лицата со попреченост.” Тој рече: “Ова е историски момент во нашата потрага за реализација на универзалните човекови права за сите лица, создавајќи целосно инклузивно општество за сите.”

Самата Конвенција не креира нови права. Таа се стреми да осигура дека придобивките од постоечките права се целосно проширени и дека тие се загарантирани за сите 650 милиони лица со попреченост кои живеат насекаде низ светот.

“Може да се каже дека лицата со попреченост беа опфатени со постоечките договори за човекови права, но реалноста беше многу различна,” вели Акико Ито, Фокална точка за попреченост при Обединетите нации. “Лицата со попреченост постојано се соочуваат со дискриминација на пазарот за работа, во училиштата и во добивање јавни сервиси. Оваа Конвенција ќе осигура дека овие лица нема повеќе да бидат игнорирани.”

Со ратификување на Конвенцијата, државите се обврзуваат да донесат закони и други мерки за подобрување на правата поврзани со попреченоста и, исто така, да ја укинат легислативата, обичаите и практиките кои вршат дискриминација врз лицата со попреченост.

Конвенцијата, еден од најбрзо преговарани договори во бединетите нации и еден од договорите кој најбрзо влегува во сила, има силна поддршка од државите членки на Обединетите нации, како и застапување од глобалното движење за попреченост, кое беше активно вклучено во изготвување на договорот.

За да го одбележи влегувањето во сила на Конвенцијата, Обединетите нации организираа посебна церемонија во салата на Генералното собрание во Њу Јорк на 12-ти мај 2008 година, со учесници од владите, Системот на ОН и граѓанското општество.
Конференција на потписничките се очекува да се одржи во период од шест месеци.

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА ја повикува Владата на Република Македонија, сите надлежни министерства, институции и фактори да ги преземат неопходните чекори за што е можно побрзо ратификување на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост и за потпишување и ратификување на Опцијалниот протокол на оваа Конвенција.

Земји кои ја ратификувале Конвенцијата до 1 Јуни 2008 година

  • 30.03.2007 – Јамајка
  • 30.01.2008 – Перу
  • 20.07.2007 – Унгарија
  • 08.02.2008 – Гвинеја
  • 07.08.2007 – Панама
  • 22.02.2008 – Сан Марино
  • 15.08.2007 – Хрватска
  • 31.03.2008 – Јордан
  • 06.09.2007 – Куба
  • 02.04.2008 – Тунис
  • 01.10.2007 – Индија
  • 03.04.2008 – Еквадор
  • 01.10.2007 – Габон
  • 07.04.2008 – Мали
  • 30.11.2007 – Бангладеш
  • 14.04.2008 – Египет
  • 30.11.2007 – Јужна Африка
  • 14.04.2008 – Хондурас
  • 03.12.2007 – Шпанија
  • 15.04.2008 – Филипини
  • 04.12.2007 – Намибија
  • 24.04.2008 – Словенија
  • 07.12.2007 – Никарагва
  • 13.05.2008 – Катар
  • 17.12.2007 – Мексико
  • 19.05.2008 – Кенија
  • 14.12.2007 – Ел Салвадор

Земји кои го ратификувале Опцијалниот протокол до 1 Јуни 2008 година

  • 20.07.2007 – Унгарија
  • 30.01.2008 – Перу
  • 07.08.2007 – Панамa
  • 08.02.2008 – Гвинеја
  • 15.09.2007 – Хрватска
  • 22.02.2008 – Сан Марино
  • 30.11.2007 – Јужна Африка
  • 02.04.2008 – Тунис
  • 03.12.2007 – Шпанија
  • 03.04.2008 – Еквадор
  • 04.12.2007 – Намибија
  • 07.04.2008 – Мали
  • 14.12.2007 – Ел Салвадор
  • 24.04.2008 – Словенија
  • 17.12.2007 – Мексико
  • 12.05.2008 – Бангладеш
Scroll to Top
Skip to content